| четврток, 6 декември 2018 |

Еврокомесарот Џонатан Хил поднесе оставка

Џонатан Хил, претставникот на Велика Британија во Европската комисија, кој е одговорен за финансиската стабилност, услуги и за капиталните пазари, денеска објави дека поднесува оставка по референдумот во неговата земја за напуштање на ЕУ.

Сметам дека не во ред да продолжам да бидам британски еврокомесар. Го информирав претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер дека се повлекувам – истакна Хил, кој агитираше против „Брегзит“.

Тој истакна дека „е неопходно да има надлежно предавање на одговорностите“ и рече дека ќе работи заедно со Јункер тоа да се случи во следните неколку недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top