Од утре почнува со работа граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште, согласно договорот меѓу Владата на Република Македонија и на Советот на министри на Република Албанија од ноември минатата година.
Граничниот премин Џепиште – Требиште кој ќе работи секој ден од 08,00 до 20 часот односно од 08,00 до 18,00 часот според зимското работно време, соопшти денеска МВР, е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.
Засега овој граничен премин ќе може да се минува само пеш односно не е дозволено минување со моторни возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


