По се изгледа половина Велика Британија дури сега се разбуди во состојба на шок, по резултатите од референдумот за излегување од ЕУ.
Најдобар сведок за тоа е што повеќе од милион и пол Британци кои од утринава потпишуваат онлајн петиција за одржување на нови референдум и поништување на резултатите од вчера.
– Личи како да сме влегле во војна и дека цел свет полудел. Има многу глупави луѓе, затоа моравме да ја напуштиме ЕУ – изјави еден Лондонец.
Британската престолнина е во шок. Дури и луѓето кои гласале за заминување делуваат изнанедени од она што се случило. Државата е длабоко поделена, и тешко е да се претпостави како ќе се одвиваат работите, оценува „Би-би-си“.
Половина популација е „полудепресивна“. Ова не е само развод меѓу Британија и ЕУ, туку делува како развод на еден Британец со друг.
Гласањето ја откри длабоката вистина за времето во кое живееме, бидејќи референдумот не е ништо друго туку последица од глобализацијата, пишува „Би-би-си“. Политичарите во Европа и во САД не успеаја да се изборат со компликациите на секојдневниот живот, а британското мнозинство рече „доста е“.
Прашањето е сега каде ќе ги одведе ова Британците.
Многумина сметаат дека Британија премногу и плаќа на ЕУ, а малку добива.
Само неколкумина економиски велат дека на Британија ќе и биде полошо кога ќе биде сама, а како ќе биде, уште никој не знае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.