Македонија е дел од меѓународната заедница и треба и ќе стане член на НАТО и ЕУ. Црната кампања која некој долго време ја водеше и сеуште ја води против нас, ја наруши перцепцијата за нас, кај некои наши пријатели. Со работа и труд, искрен пристап, реформи и резултати тоа треба да го подобриме- истакна пред партискиот подмладок лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Не треба сите кои не критикуваат однадвор или одвнатре да ги доживуаме како непријатели, дури и кога сме 100 осто сигурни дека нивниот став е неправичен или невистинит. Треба да прифатиме дека дел од тие критичари се во заблуда, а и дека некаде ние нешто сме погрешиле. Треба да продолжиме со добра волја и мисла, со верба во себе, чесен пристап и многу работа. Времето ќе ја доведе вистината на површина. Треба трпение и, повторувам, многу работа. Дури и кон оние кои навистина ни се непријатели секогаш кога можеме треба да се однесуваме како што на едно место во Библијата, поточно во евангелието според Матеј, глава 5, стих 44, пишува: Сакај го непријателот свој. Знам дека во политиката тоа не е секогаш можно, едноставно некогаш мораш да се одбраниш, но треба секогаш да ја имаме оваа мисла на ум- посочи Груевски во обраќањето на годишпната конференција на УМС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер