| четврток, 6 декември 2018 |

По Британија: И Хрватска размислува да ја напушти ЕУ?

Лидерот на СДП и поранешен хрватски премиер Зоран Милановиќ по излезот на Велика Британија од ЕУ не ја исклучува можноста да се појават заговорници околу ова прашање и во Хрватска.

– Велика Британија никогаш немала мирна ситуација кога станува збор за членството во ЕУ. Одлуката ја донесоа главно припадниците на повозрасната генерација, додека младите биле доминантно за останување. Тоа е така во демократијата, а тие ќе живеат со овие последици – изјави Милановиќ.

Тој нагласи дека таа одлука има врска и со Хрватска, но смета дека нема посериозно да влијае врз хрватската стабилност.

– Хрватска ќе продолжи понатаму по својот пат. Во хрватската демократија, исто така, ќе се појават демократски барања за излез од Унијата – рече Милановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top