| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот еврокомесар Џонатан Хил поднесе оставка

hil
Сметам дека не во ред да продолжам да бидам британски еврокомесар. Затоа го информирав претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер дека се повлекувам, истакна Хил, кој агитираше против Брегзит.

Претставникот на Велика Британија во Европската комисија, Џонатан Хил, кој е одговорен за финансиската стабилност, услуги и капиталните пазари, денеска објави дека поднесува оставка по референдумот во неговата земја за напуштање на ЕУ.

– Сметам дека не во ред да продолжам да бидам британски еврокомесар. Затоа го информирав претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер дека се повлекувам, истакна Хил, кој агитираше против Брегзит.

Тој истакна дека „е неопходно да има надлежно предавање на одговорностите“ и гарантира дека тоа ќе се случи во следните седмици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top