Не е основната разлика како што некој ја гледаат меѓу патриоти и предавници, рече Груевски на обраќањето на 25 Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Основната разлика меѓу ВМРО и СДСМ е работници и неработници. И за разликата да биде уште поголема, неработниците, ако по нешто се фатат за работа, е како да го срушат и уништат, срботеното, создаденото, изграденото, реформираното од оние кои работат. И кога народот гледа дека максимално работиш, и даваш се од себе за доброто на сите, тој е подготвен и да ти прости некои грешки, бидејќи знае дека кој многу работи, тој и греши. И кога народот гледа дека не само што не работиш, туку сакаш и да го срушиш она што друг го сработил, колку и да имал некои симпатии кон тебе, не може да ти верува, не може да се потпре на тебе, не може да не те казни на изборите.
СДСМ е казнуван од народот 9 пати по ред, рече Груевски и додаде дека и покрај тоа ништо се се сменило, уште толку заглибува во деструктивност, и напор со зла мисла, со лоши дела, со лаги, со деструкција и со сила да дојде на власт.
Затоа, и со сета подршка која ја има, откако Заев се фали по смс до Мендух Тачи, ,,нивните“, како што вели тој ,,пријатели од надвор“, со сиот тој ветер во грб, огромни истурени пари на платеници, и деструктивци, мнозинството од народот исто како и младите во УМС, знаат да направат разлика. Ете тоа е денес Макеоднија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст