Во поздравниот говор на 25 Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Никола Груевски, посебно ги потенцира заедничките проекти во кои подмладокот на партијата активно учествува и придонесува.
–Заедно со УМС изработивме стотици проекти за младите луѓе и за нивните потреби. Заедно со УМС ги исполнивме условите да се укинат визите за македонските граѓани, заедно со УМС донесовме огромен број инвеститори и отворивме над 150 илјади нови работни места во Македонија, заедно со УМС Македонија ја направивме 12 земја во светот, а 6. во Европа, со најдобра бизнис-клима и услови за правење бизнис.
Најдобриот проект кој го направивме за младите луѓе во Македонија, потенцира Груевски, е токму овој, со кој за илјадници млади луѓе или за нивните родители се обезбедени нови работни места, иднина, перспективи и шанси за напредок и успех во животот.
-Отворивме можност за среќа во нивниот живот. И се уште го правиме тоа. Не застануваме. Колку и опозиција да се бори да ги намали ефектите од нашиот труд, од нашето залагање, од нашата борба за секое ново отворено работно место, колку и да се труди да ги одврати или избрка инвеститорите, ние вложуваме максимални напори, и во ова тешко време, носиме нови и нови инвеститори, затоа што знаеме, најголемиот проблем на младите, најголемата потреба, или ако сакате најголемиот поклон што може да го добијат, е да им се овозможи вработување и шанса за напредок, за просперитет, за реализација на нивните соништа. Нивните соништа, се и наши соништа, вашите соништа, се и мои соништа. Сонуваме ист сон, но и заеднички се бориме за негова реализација.
Кога ја добивме довербата во 2006 г., рече Груевски, невработеноста беше огромни 38 осто. Следуваа тешки години, светска криза, европска криза, сега политичка криза. Многу препреки имаше на нашиот пат, но вољата беше огромна, стратегијата беше одлично поставена, се работеше до последен атом енергија, и денес, и покрај се, таа невработеност падна на историски најниски 24.5 осто. Се што можеше да ни се појави како препрека на патот се појави, но успеавме. И продолжуваме. Ни требаат уште нови работни места, ни требаат и повисоки плати и стандард, ни требаат нов напредок и ново намалување на невработенсота. Еконосмкиот тим на владата работи силно на ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


