| четврток, 6 декември 2018 |

Млади кои прават разлика: Докажано најдобри, 25 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ е столб на најмоќната партија

груевски

Поминаа 25 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. 25 години, полни со успеси, со победи и со напредок. 25 години во кои веќе оддамна УМС стана еден од основните столбови на најголемата, најмоќната и најподржаната партија од граѓаните на Македонија  ВМРО-ДПМНЕ, го започна обраќањето претседателот на партијата, Никола Груевски, на 25 Годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Јане Сандански“.

Денес кога УМС има над 55 илјади членови, а ВМРО-ДПМНЕ има над 170 илјади членови, денес не говориме за некоја млада организација, секција, група или нешто помало, зборуваме за добро организирана, силно мотивирана, многубројна, единствена, цврста, силна, нескршлива и победничка УМС, која од 2005 на 9 изборни циклуси по ред е еден од главните стожери на партија и со кого се носат победите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Груевски.

ums 8

Груевски ја изрази својата благодарност кон членовите на Унијата на малди сили, а особено и до сегашниот и актуелен раководен состав на УМС, предводен од Владимир Неловски,  кој успешно работи со полна пареа и ентузијазам во мошне тешки политички околности во земјата, благодарност и до поранешните претседатели на УМС, нивни раководства и сите членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

УМС не е само бројка, УМС не е само надеж, УМС не е само иднина или минато, УМС е сегашност, УМС е огромен кадровски потенцијал, УМС е таленти, УМС е машина која работи без прекин, УМС е колектив, но и индивидуалци, индивидуалци кои иако млади преземале одговорност, кои денес се министри во Владата, заменици-министри, пратеници, директори на државни претпријатија, агенции, раководители на ПЕ, сектори, одделенија, во различни државни институции… УМС е членови на ИК на партијата, УМС е членови на партиските комисии и тела, членови на ОК и МК, УМС се илјадници млади луѓе кои доаѓаат подготвени да помогнат не само на ВМРО-ДПМНЕ туку и на Макеоднија – и помагаат! Многу од нив работат и се борат рамо до рамо заедно со сениорите Македонија да се придвижи напред, да се решат што повеќе проблеми на народот, да се исполни што повеќе од ветеното, да се оправда довербата, да се надминат проекциите.

ums 4

Сите вие, и сите тие кои денес не се присутни тука, придонесовте допринесоа ВМРО-ДПМНЕ да биде она што денес е: партија со највисока доверерба кај населението, затоа што најмногу работи, најмногу ветува, најмногу реализира од ветеното, решава проблеми на луѓето, се грижи за државата и обезбедува напредок на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top