| четврток, 6 декември 2018 |

Хокеарите јуришаат: По Бугарија, падна и Србија

hokej

„Црвено-жолтите“ експресно го надминаа убедливиот пораз од репрезентацијата на Австрија со 11:2, и повторно заиграа максимално ангажирано и веќе во раната фаза од натпреварот стигнаа до одлична предност од 4:0.

Србите намалија на 4:1 во финишот од првата четвртина, за потоа во третиот период да постигнат два гола со играч повеќе и да внесат резултатска неизвесност. Противникот дури и поведе со 4:5, но Македонија заигра одлично кога беше најпотребно, па преку Анастасов израмни на 5:5, за во трилер-завршницата да забележиме победа од конечни 6:5 со погодокот на Јуре Стопар на 20 секунди до крајот на натпреварот.

Македонската репрезентација го освои второто место во својата група, зад домаќинот Австрија, а пред Бугарија и Србија.

Со оваа победа нашата репрезентација не успеа да избори пласман на СП во Братислава за наредната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top