| четврток, 6 декември 2018 |

Грција против Брегзит: Во Грција сме и не можеме да смениме пари ниту да извадиме од банкомат

turisti grcija evra

Британските туристи што во моментов се на одмор на бреговите на Средоземјето се нашле во небрано бидејќи никој не сака да им ги смени фунтите.

Откако Велика Британија на референдум изгласа излегување од Европската Унија, фунтата го доживеа најголемиот пад во последните 30 години.

Мет Руни од грчкиот остров Кос на Твитер порача:

„Веќе почна. Во Грција сме и не можеме да смениме пари ниту да извадиме од банкомат“, напиша Руни кој наскоро објави и дека успеал да го реши проблемот благодарение на помошта од хотелскиот персонал.

Фунтата ослабе за повеќе од 10 отсто во однос на американскиот долар, откако прелиминарните резултати од референдумот покажаа дека гласачите решија да ја напуштат ЕУ. Курсот на фунтата падна под 1,35 долари, што е најниско ниво од 1985 година, а овој пад е посилен од таканаречената црна среда, кога фунтата за еден ден ослабе за над 4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top