Трговците со валути велат дека придвижувањата на пазарот поради одлуката на Британија да истапи од ЕУ се поекстремни од оние во финансиската криза од 2008 година. Во вакви околности, сметаат брокерите, вообичаено е да дојде до зајакнување на валутите кои претставуваат посигурно уточиште – швајцарскиот франк и јапонскио јен, а сигурен добитник од целата ситуација е и доларот, како валута на која потенцијалната криза во Европа има најмало влијание.
Движењето на Еурибор во иднина ќе зависи од длабочината на последиците од излезот на Британија. Доколку овој настан ги поттикне членките на ЕУ да ја консолидираат заедницата, не би требало да се очекуваат драматични промени. Во спротивно, секое наредно слабеење на Еу, со самото тоа и на евро-зоната и нна еврото, ќе води кон зголемување на каматните стапки за да се спречи нагло слабеење на валутите. Како што е познато, во моментов во евро-зоната на сила е монетарна политика на ниски камати за да се поттикне стопанска активност.
Корисниците на кредити во евра користат кредити со релативно ниски каматни стапки и ваквата ситуација ќе се задржи извесно време. Доколку дојде до големи потреси во евро-зоната, односно ако еврото нагло ослабне, дури тогаш може да се очекува ненадеен пресврт на настаните, односно зголемување на каматите. Во спротивно, Еурибор ќе продолжи постепено да расте дури кога ќе закрепне стопанството во евро-зоната и ЕЦБ ќе почне да применува рестриктивна полтика.
Фунтата падна, а кога ќе се случи тоа ЕЦБ обично ги зголемува каматите, меѓутоа таа не реагира брзо на сите промени на пазарот, па затоа не се очекува раст на каматите додека не се види што ќе биде понатаму. Дополнително охрабрува фактот што британскиот премиер најави 250 милијарди фунти на располагање на Централната банка во случај на наопходни интервенции.
Од друга страна, сметаат стручњаците од регионот дека Велика Британија не е еден од првите трговски или инвестициски партнери во регионот, па овој дел од Балканот нема да доживее големи негатвини промени. Најголемите промени ќе се случат во самата Унија. Ова е повик за будење на Брисел. ЕУ треба да разбере сега дека треба да биде поодлучна во надворешната политика, со помалку бирократија и поефикасна, пред се за да шреживее и за да им пружи на европските народи најдобра и најсигурна алтернатива за соживот, како безбедносно така и економски.
Во Македонија курсот на денарот ќе остане стабилен, земјата нема да падне во инфлација, не се очекуваат проблеми кај девизните резерви, а поголеми ризици носи континуираната политичка криза која втора година се рефлектира кај кредитирањето. Ова го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов денеска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше Извештајот за работата на НБРМ за 2015 година.
Тој додаде дека поради политичката криза, земјата минатата година не го оствари планираниот раст од 4 отсто.
-Стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото гарантира дека нема да има големи турбуленции и кај нашите извозници. Тие главно извезуваат кон еврозоната, кон земји кои се деноминирани во евро, така што тука не треба да има дилема. Ниска инфлација и стабилен курс на денарот останува како политика на Народната банка и во наредниот период- истакна Богов.
Според него нестабилните глобални финансиски движења ќе продолжат и во наредните години, а неизвесноста ќе расте доколку и други земји од ЕУ решат да го следат британскиот чекор.
-Македонија да ја стабилизира политичката ситуација, бидејќи во турбулентни времиња какви што претстојат по излезот на Британија од ЕУ, на земјата и требаат намалени ризици- порача гувернерот Богов. Тој додаде дека Македонија е мала економија и оти ние не можеме да влијаеме на глобалните движења, но потенцира дека она низ што ќе поминува економијата на Европската унија ќе има влијание и на нашата економија, затоа што македонската економија е извозно ориентирана кон ЕУ и од тоа не може да избегаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст