| четврток, 6 декември 2018 |

Лондончани потпишуваат петиција за останување во ЕУ

Десетици илјади жители на Лондон потпишале во петок петиција во која бараат британската престолнина да добие независност од остатокот на земјата и да остане во Европската унија, иако на референдумот беше изгласано излегување на земјата од Унијата.

Повеќе од 40.000 лица ја потпишаа петицијата на веб страницата change.org на која се повикува градоначалникот на Лондон Садик Кан да го „прогласи Лондон за независен од Велика Британија и да поднесе негова кандидатура за повторно влегување во ЕУ“.

„Лондон е меѓународен град и сакаме да останеме во срцето на Европа“, се наведува во петицијата.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан и самиот објави соопштение во кое бараше Лондон да биде вклучен во преговорите за излез на Британија од ЕУ.

-Пресудно е Лондон да има глас за време на тие преговори, како Шкотска и Северна Ирска, две области кои исто така со мнозинство гласаа за останување во Унијата- рече Кан и додаде дека е пресудно земјата да остане член на единствениот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top