| четврток, 6 декември 2018 |

Брегзит ќе ја чини Германија три милијарди евра годишно

funtaИзлегувањето на Велика Британија од ЕУ може да ја чини Германија три милијарди евра годишно, проценува германското Министерство за финансии.

– За Германија излегувањето на Британија ќе биде скап процес. Со тоа во догледно време се губи третиот по големина извор за буџетот во ЕУ. Тоа значи дека придонесот на Германија годишно мора да биде зголемен за три милијарди евра, проценуваат експерти во тимот на министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Во интерниот документ се додава дека Берлин не очекува на германските фирми да им биде неопходна помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top