Веднаш по затворањето на гласачките места фунтата и по анкетите кои им даваа блага предност на противниците на Брегзит, фунтата зајакна во однос на американскиот долар, на 1,5 долари, но кога почнаа да доаѓаат првите конкретни резултати во корист на Брегзитот, се почна драстично да се менува.
Следеше слободен пад на британската валута, а како што одминувапе ноќта и Брегизт стануваше се пореален, така во еден момент фунтата во однос на доларот падна на невидено ниво уште од 1985 г. Тоа е пад од повеќе од 10 отсто, на дури 1,33 долари.
Падот на фунтата е најголем еднодневен пад постигнат на берзите и се очекува главниот индекс на Лондонската берза ФТСЕ остро да падне на почетокот на тргувањето во 9 часот по наше време, а минусот на отворањето би можел да биде околу 7%, според индикациите.
Во однос на еврото фунтата изгуби 7% вредност, на 1,2085.
Истовремено, еврото во однос на американскиот долар падна за 3,3%, што е историски најголем пад во еден ден.
Банката на Англија соопшт дека ќе стори се за да ја зачува монетарната и финансиска стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст