| четврток, 6 декември 2018 |

Симонс прв пик на НБА-драфтот

Австралискиот кошаркар Бен Симонс како прв избор (пик) на НБА-драфтот ќе игра во екипата на Филаделфија.

Дваесетгодишниот крилен играч од Универзитетот „Луизијана стејт“ е роден во Мелбурн, а со своите 208 сантиметри и раскошниот талент кој го демонстрира минатата сезона, која ја заврши со просечен ефект од 19,2 поени, 12 скокови и пет асистенции по натпревар, уште од сега НБА-стручњаците го најавуваат како идна голема ѕвезда.

Вториот пик Брендон Инграм, крилото на Дјук, ќе оди во ЛА лејкерс. Овој играч го споредуваат со Кевин Дурент. Треиот пик Џилијен Браун е избран од Бостон, додека младиот Хрват, Драган Бендер (роден 1997 година, висок 216 сантиметри), како четврти пик од Макаби Тел Авив ќе се пресели во Феникс.

Најдбрите пет пикови ги комплетира плејмејкерот Крис Дан од Универзитетот Провиденс. Според стручњаците, Дан е најдобриот плејмејкер во својата класа. Веднаш се појави и шпекулацијата дека тој во Минесота, најверојатно, ќе го замени Шпанецот, Рики Рубио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top