| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно го тресе скандал ООУ „11 Октомври“: Жерновски си игра со трпението на родителите и со судбината на децата

oou 11 oktomvri
Сѐ уште нема никаков глас и известување од Општина Центар и од градоначалникот Андреј Жерновски за реакцијата и барањето на Советот на родители при ООУ „11 Октомври“ за повлекување на две финансирања во друго училиште и за укинување на целодневата настава.

Бојкотирање на наставата, а и можност за штрајк, најави Советот на родители во почетокот на месецов доколку не биде повлечена одлуката за трансфер на две наставнички во друго училиште зашто со овој трансфер ќе се укине целодневната настава во училиштето „11 Октомври“.

11 октомври 1

Директорот Васко Лазаревски тогаш им даде ветување на родителите дека ќе ги извести најдоцна за една недела, но од тоа нема никаков глас.

Писмото, кое е донесено и констатирано на вонредниот состанок од страна на родителите, е доставено и до Општина Центар, но Општината сѐ уште,  а се ближи денот кога треба да се поделат свидетелствата на учениците и водено да се информираат родителите што ќе биде понатаму со наставата.

Очигледно Жерновски милува да ја опструира работата на образовните институции во општина Центар и да си игра со трпението на родителите на сите ученици.

11 октомври 2

Родителите информираат дека во ова училиште се запишуваат деца и од другите општини, бидејќи постои можност за целодневна настава, но разните превирања во училиштето откако Андреј Жерновски е градоначалник на општина Центар, заедно со последната одлука да се префрлат две наставнички во друго училиште, претставуваат закана целодневната настава целосно да се укине.

11 октомври 3

Инаку, ова училиште веќе подолго време го тресат скандали поради несоработката меѓу општинскиот градоначалник и Министерството за образование. Незаконски смени на директори, бојкотирање настава, застарен инвентар и нехигиена и еден случај на 40 деца со симптоми на труење, се само дел од хаосот кој се случува во ова училиште во општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top