| четврток, 6 декември 2018 |

Ники Морган ќе се кандидира за премиерка на Британија?

Министерката за образование на Велика Британија ја разгледува можноста да се кандидира за позицијата премиер која во наредниот период ќе ја напушти Дејвид Камерон.
Камерон најави дека привремено останува премиер на Велика Британија во обид да ја стабилизира земјата откако со гласање на референдум мнозинството на народот на Велика Британија реши да ја напушти Европската унија. Камерон истакнува дека ќе остане на функција најверојатно до октомври.
Морган изјави дека очекува оти ќе биде единствена жена меѓу кандидатите, но дека уште е рано да се говори за тоа.
Таа додаде дека ја почитува одлуката на Камерон да ја напушти функциајта со оглед на тоа дека тој го поддржуваше останувањето на Британија во ЕУ.
– Ќе ни беше подобро да останеме. Но, тоа е демократија и британскиот народ ја донесе својата олука и јас ја прифаќам. Британија е добра земја и ние ова сигурно ќе го преживееме – изјави Морган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top