| четврток, 6 декември 2018 |

Марк де Јонг, белгиски готвач со македонско потекло: Нај­сре­ќен сум ко­га ќе се ис­праз­нат чи­ни­и­те со хра­на­та што сум ја при­го­твил

Во Бел­ги­ја за­вр­шив шко­ла за го­тва­чи и се­га сум шеф. Пред да дој­дам во Ма­ке­до­ни­ја, имав ре­сто­ран во Бел­ги­ја кој се ви­ка­ше „Па­ле­та на вку­со­ви“. Ра­бо­тев за се­на­то­ри, за ми­ни­стри, ра­бо­тев и до­ма, на по­вик, при­ват­но. Во мо­јот ре­сто­ран во Бел­ги­ја мо­жеа да дој­дат два­е­се­ти­на лу­ѓе и да ужи­ва­ат во хра­на­та. Во тој ре­сто­ран не­ма­ше ме­ни, ту­ку се­кое утро одев на па­зар и од про­ду­кти­те та­му се инс­пи­ри­рав и го пра­вев днев­но­то ме­ни, рас­ка­жу­ва Де Јонг

Бр­зи, вкус­ни ја­де­ња кои се при­го­тву­ва­ат за два­е­се­ти­на ми­ну­ти со мно­гу свеж зе­лен­чук, овош­је и уба­во ме­со, низ раз­го­вор, ше­га и не­по­сред­ност, и се­то тоа за­ле­а­но со уба­во ви­но. Тоа е иде­ја­та за ужи­ва­ње и за го­тве­ње на ше­фот Марк де Јонг, бел­ги­ски го­твач со ма­ке­дон­ско по­тек­ло. Тој пред две го­ди­ни до­шол во Ма­ке­до­ни­ја на са­мо три ме­се­ци, но, ете, суд­би­на­та са­ка­ла по­и­на­ку, па шар­мант­ни­от Марк вто­ра го­ди­на жи­вее во Ма­ке­до­ни­ја и, ка­ко што ни рас­ка­жа, за­се­га ту­ка го пла­ни­ра сво­јот жи­вот.

Поз­нат ка­ко го­твач во ку­ли­нар­ско­то шоу „Бр­за куј­на“ на те­ле­ви­зи­ја­та „Си­тел“, Де Јонг во овој пер­и­од е ан­га­жи­ран и во „Јав­на со­ба“, Цен­та­рот за ди­зајн и ино­ва­ции, кој е лул­ка на кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии во зем­ја­ва и во ре­ги­о­нот. „Јав­на со­ба“ ор­га­ни­зи­ра са­е­ми на ма­ли биз­ни­си од ре­ги­о­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што се из­ло­жу­ва­ат и про­да­ва­ат про­из­во­ди ка­ра­кте­ри­стич­ни за ре­ги­о­нот, а Де Јонг е спе­ци­ја­лен го­стин. Тој за го­сти­те го­тви ја­де­ња спе­ци­фич­ни за се­кој ре­ги­он и се оби­ду­ва да ги осо­вре­ме­ни пре­ку збо­га­ту­ва­ње со ло­кал­ни за­чи­ни. Тој го ме­ну­ва и на­чи­нот на сер­ви­ра­ње на ја­де­ња­та. Од есен, „Јав­на со­ба“ пла­ни­ра да поч­не со ра­бо­та и Цен­та­рот за га­стро­но­ми­ја, а Де Јонг тре­ба да би­де еден од го­тва­чи­те што ќе им пре­да­ва­ат на по­се­ти­те­ли­те на кур­сот.

Во Ма­ке­до­ни­ја стиг­нав пред две го­ди­ни. Прв­пат ко­га дој­дов, пла­ни­рав да оста­нам три ме­се­ци, са­кав са­мо да ви­дам ка­ко е. Мо­е­то по­тек­ло е од Ма­ке­до­ни­ја. Ба­ба ми, де­до ми, мај­ка ми, вуј­ко ми, си­те жи­ве­е­ле во Ма­ке­до­ни­ја до 1963 го­ди­на. За­ми­на­ле во Бел­ги­ја во 1963 го­ди­на. Јас сум ро­ден во Бел­ги­ја во 1968 го­ди­на. Жи­ве­ев кај ба­ба ми до мо­ја­та 12-го­диш­на во­зраст. Бла­го­да­ре­ние на неа, го на­у­чив ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Таа ми ја вса­ди и љу­бо­вта кон ма­ке­дон­ска­та куј­на. Но, го­ди­ни­те си по­ми­ну­ваа, јас рас­тев и сѐ по­мал­ку го збо­ру­вав мај­чи­ни­от ја­зик, пра­ктич­но го за­бо­ра­вив. За жал, ба­ба ми по­чи­на пред 10 го­ди­ни и пред да по­чи­не, јас ѝ ве­тив де­ка еден ден ќе се вра­там во род­на­та зем­ја Ма­ке­до­ни­ја за та­му не­што да соз­да­дам. И ете, тоа се слу­чу­ва. Јас љу­бо­вта кон куј­на­та са­кам да ја спо­де­лам со си­те лу­ѓе – ве­ли Де Јонг.

mark_de_jong_01

За не­го е нај­го­лем комп­ли­мент ко­га ќе се ис­праз­нат чи­ни­и­те со хра­на . Тој са­ка да го­тви за дру­ги, ужи­ва и ко­га тие ужи­ва­ат во хра­на­та, но нај­сре­ќен е ко­га чи­ни­и­те се праз­ни. Исто ка­ко и на­ши­те ба­би, кои се­ко­гаш ни ве­леа чи­ни­ја­та да би­де праз­на.

Тој е мно­гу по­пу­ла­рен во све­тот на га­стро­но­ми­ја­та, а не­го­во­то искус­тво е збо­га­те­но со мно­гу на­гра­ди и приз­на­ни­ја.

Во Бел­ги­ја за­вр­шив шко­ла за го­тва­чи и се­га сум шеф. Пред да дој­дам во Ма­ке­до­ни­ја, имав ре­сто­ран во Бел­ги­ја кој се ви­ка­ше „Па­ле­та на вку­со­ви“. Ра­бо­тев за се­на­то­ри, за ми­ни­стри, ра­бо­тев и до­ма, на по­вик, при­ват­но. Во мо­јот ре­сто­ран во Бел­ги­ја мо­жеа да дој­дат два­е­се­ти­на лу­ѓе и да ужи­ва­ат во хра­на­та. Во тој ре­сто­ран не­ма­ше ме­ни, ту­ку се­кое утро одев на па­зар и од про­ду­кти­те та­му се инс­пи­ри­рав и го пра­вев днев­но­то ме­ни – рас­ка­жу­ва Де Јонг.

Тој приз­на­ва де­ка ма­ке­дон­ска­та куј­на го во­о­ду­ше­ву­ва, осо­бе­но зе­лен­чу­кот, овош­је­то и ме­со­то, кои се мно­гу вкус­ни.

Ма­ке­дон­ска­та куј­на е мно­гу бо­га­та, но не­ко­гаш ја­де­ња­та се при­го­тву­ва­ат прем­но­гу дол­го, се ва­рат или пе­чат, тер­мич­ки дол­го се обра­бо­ту­ва. Таа куј­на мо­же да се сме­ни. За­тоа и во „Бр­за куј­на“ по­ка­жу­вам ка­ко за кра­тко вре­ме, со до­маш­ни на­мир­ни­ци мо­же да се зго­тви вкус­но ја­де­ње. Ова ку­ли­нар­ско шоу има по­и­на­ков кон­цепт, раз­ли­чен од си­те дру­ги еми­сии по­све­те­ни на ку­ли­нар­ски­те ве­шти­ни. Не са­кам да ги кри­ти­ку­вам дру­ги­те ку­ли­нар­ски еми­сии што се еми­ту­ва­ат во ете­рот, но во „Бр­за куј­на“ са­ка­ме да по­ка­же­ме не­што по­и­на­кво. Ту­ка има мно­гу ше­га, лу­ѓе­то ужи­ва­ат, има ат­мо­сфе­ра и со ми­ни­мум про­ду­кти, за 20 ми­ну­ти го­тви­ме пет ја­де­ња – ве­ли Де Јонг.

Тој го­во­ри и за сво­јот ан­гаж­ман во „Јав­на со­ба“.

Ве­ќе имав­ме не­кол­ку те­мат­ски ве­че­ри по­све­те­ни на не­кои на­ци­о­нал­ни куј­ни, ка­ко фран­цу­ска и шпан­ска ве­че­ра. Од сеп­тем­ври ќе поч­не­ме да пра­ви­ме два­па­ти ме­сеч­но те­мат­ски, спе­ци­фич­ни ве­че­ри. Ќе поч­не­ме со бел­ги­ска ве­че­ра, ќе го­тви­ме бел­ги­ски ја­де­ња. Во Цен­та­рот за га­стро­но­ми­ја во „Јав­на со­ба“ ќе им др­жам ча­со­ви на 10-12 лу­ѓе. Цен­та­рот ќе би­де отво­рен за си­те, за обич­ни лу­ѓе кои са­ка­ат да на­у­чат тај­ни за го­тве­ње од го­ле­ми ше­фо­ви. Ќе има вре­ме и за уче­ње, и за дру­же­ње, и за ужи­ва­ње. Са­кам сѐ што ќе при­го­твам, по­тоа да сед­не­ме на ма­са, да ја­де­ме, со уба­во ви­но и да ужи­ва­ме во хра­на­та и во ви­но­то – ве­ли овој шар­ман­тен Бел­ги­ец со ма­ке­дон­ско ср­це.

mark_de_jong_01

Ко­га е во Бел­ги­ја, тој мно­гу са­ка да ја­де мор­ска хра­на, ко­ја, исто та­ка, са­ка и да ја го­тви.

Јас мно­гу са­кам да при­го­тву­вам ри­ба и мор­ски пло­до­ви. Ед­но­став­но, ги обо­жа­вам. Се­га во Ма­ке­до­ни­ја ги го­твам по­ре­тко, но се на­о­ѓа­ат уба­ви пар­чи­ња ту­на, рак, ло­сос. Нив ги го­твев во Бел­ги­ја би­деј­ќи тоа бе­ше мно­гу ба­ра­но. Се­га во Ма­ке­до­ни­ја мо­ја­та куј­на це­лос­но се сме­ни. По­че­сто го­твам ве­ге­та­ри­јан­ски ја­де­ња кои има­ат ме­ди­те­ран­ски вкус. По­мал­ку упо­тре­бу­вам ме­со, по­че­сто ри­ба. Ко­га го­твам ме­со, са­кам тоа да би­де ме­ко, вкус­но. Ов­де ги има нај­у­ба­во­то свин­ско фи­ле и нај­у­ба­ви­от ју­не­шки би­фтек – ве­ли Де Јонг.

Тој не се чув­ству­ва под­го­твен да отво­ри свој ре­сто­ран во Ма­ке­до­ни­ја. По­ве­ќе са­ка да го де­ли сво­е­то зна­е­ње со лу­ѓе­то пре­ку кур­се­ви за го­тве­ње, ве­че­ри.

Ед­но­став­но си го ор­га­ни­зи­рам вре­ме­то ка­ко ме­не ми од­го­ва­ра – ве­ли Марк.

Де Јонг во Ма­ке­до­ни­ја жи­вее со парт­нер­ка. Има ќер­ка и син кои жи­ве­ат во Бел­ги­ја. Си­нот, исто та­ка, е го­твач ка­ко та­тка си, а ќер­ка­та сту­ди­ра со­ци­јал­на по­ли­ти­ка.

Че­сто ме по­се­ту­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја. Си­нот раз­мис­лу­ва да жи­вее во Ма­ке­до­ни­ја, а ќер­ка­та мно­гу ја са­ка оваа зем­ја, но по­ве­ќе ка­ко за на од­мор. Жи­во­тот се­га го пла­ни­рам во Ма­ке­до­ни­ја. По Бел­ги­ја, свр­тив но­ва стра­ни­ца во жи­во­тот и се­га сум ту­ка и мно­гу ми се до­па­ѓа – ја за­вр­шу­ва сво­ја­та при­каз­на Марк де Јонг.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top