| четврток, 6 декември 2018 |

Свештеник или градоначалник: Мештаните виновни за градот, работеле на верски празник

grad

Градоначалникот на општна Бајна Башта Радомир Филиповиќ ги обвини мештаните дека се одговорни за градоносните облаци, зашто работеле за време на верски празник.
Повеќе села во општината Бајна Башта во Србија беа погодени од град, а мештаните велат дека претрпеле огромна штета.
-Сѐ што имав, ми го однесе бурата, ништо не остана од малините, овде многумина ќе станат просјаци поради невремето. Не знам дали ќе имаме пари даноците да ги платиме. Отидовме да го молиме за помош градоначалникот на општината, а тој ни вика дека самите сме си биле виновни, сме работеле на верски празници, вели еден оштетен селанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top