| четврток, 6 декември 2018 |

Неподносливата леснотија на шареното постоење: Револуција со очајно слаба резолуција

Ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ би би­ла пр­во­то ва­кво свет­ско дви­же­ње со ли­де­ри на­фа­ти­ра­ни до „пла­фон“ кои, де­мек, са­ка­ат да ја вра­тат сред­на­та кла­са ко­ја са­ми ја уни­шти­ја. Не­што слич­но ка­ко ко­га Ста­лин би ги уни­штил кол­хо­зи­те и би по­мог­нал во вра­ќа­ње­то на ин­ди­ви­ду­ал­ни­от зем­јо­де­лец, а Хит­лер би по­мог­нал во вос­по­ста­ву­ва­ње ед­на­квост ме­ѓу рас­и­те и на­ци­и­те. Ви­стин­ски­от проб­лем е во тоа што по 25 го­ди­ни не­за­вис­ност на­ро­дот, чи­ја­што ин­те­ли­ген­ци­ја СДСМ по на­ви­ка ја пот­це­ну­ва, ја на­у­чи по­ен­та­та на ста­ра фин­та – но­ва бу­да­ла. Ток­му тој на­род ве­ли: Ако ед­наш ме из­ла­жеш, срам да ти е! Ако ме из­ла­жеш два­па­ти, срам да ми е! А ток­му СДСМ се­га ку­пи по­лов­на ре­во­лу­ци­ја, ба­шка не­ус­пеш­на, па ма­кар би­ла и ша­ре­на. Ста­ра фин­та – но­ва пар­ти­ја...   

Бла­го­да­ре­ние на СДСМ, Ма­ке­до­ни­ја има чест за уште ед­на ен­дем­ска по­ја­ва. Освен што сме единс­тве­ни свет­ски до­ма­ќи­ни на охрид­ска­та па­стрм­ка, мо­ли­ка­та и на ло­ран­ди­тот од Ал­шар, др­жа­ва­та по­ра­ди со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ја има че­ста да би­де единс­тве­на и по опо­зи­ци­ја­та што не са­ка из­бо­ри и нив­ни­от пре­тсе­да­тел, кој по­ле­ка, но си­гур­но вле­гу­ва во Ги­ни­со­ва­та кни­га на ре­кор­ди ка­ко нај­са­мо­де­ма­ти­рач­ки­от ли­дер во све­тот, да не ре­че­ме, лаж­го, до­би но­ва шан­са за ен­дем­ска по­ја­ва, овој­пат дви­же­ње. Па, ма­кар и ша­ре­но…

Нај­но­ва­та уни­кат­на про­дук­ци­ја од мрз­ли­ва­та куј­на на екс Би­ха­ќка е нив­на­та ре­во­лу­ци­ја, по­втор­но ен­дем­ска и единс­тве­на, ко­ја сил­но уди­ра во смис­ла­та и зна­че­ње­то на збо­рот, па ма­кар би­ла и ша­ре­на. Збо­рот оз­на­чу­ва ра­ди­кал­на про­ме­на на оп­штес­тве­ни­от по­ре­док, нај­че­сто на­сил­на, и сим­бо­ли­зи­ра пре­врат. Во ма­ке­дон­ска­та ша­ре­на „ре­во­лу­ци­ја“, пак, единс­тве­на ра­ди­кал­на про­ме­на е на­чи­нот на дејс­тву­ва­ње на ре­во­лу­ци­о­не­ри­те. За раз­ли­ка од си­те свет­ски ре­во­лу­ции, на­ша­ва има од­мор во ви­кенд, по­долг ако е про­дол­жен, днев­ни­ца за ре­во­лу­ци­о­не­ри­те, ли­де­ри кои има­ат ми­ли­јар­ди (де­на­ри, иа­ко и за евра­та оста­ну­ва отво­рен сом­неж) и чел­ни­ци и ме­ди­ум­ски стра­те­зи со ми­ли­он­ски при­хо­ди. Исто­вре­ме­но, ова е уни­ка­тен при­ме­рок и по фа­ктот што СДСМ, т.е. пар­ти­ја­та ко­ја ги ор­га­ни­зи­ра и ра­ко­во­ди, се крие од сопс­тве­на­та во­деч­ка рол­ја во неа. За­мис­ле­те ко­га Ка­стро, Ле­нин, Мао Ѕе­дунг, па ду­ри и ми­лу­ва­ни­от во СДСМ Ти­то, би не­ги­ра­ле де­ка тоа би­ле нив­ни ре­во­лу­ции. Да, по­го­ле­ми­от дел од нив би­ле во за­твор, но ни­ту еден по­ра­ди кри­ми­нал и ко­руп­ци­ја те­шки 8 ми­ли­о­ни евра, ни­ту по­ра­ди ми­ли­о­ни од ки­ри­ја…

Ин­те­рес­но е што ду­ри и Со­ро­со­ви­те фи­ли­ја­ли не не­ги­ра­ат учес­тво иа­ко, нив­ни­от ра­ко­во­ди­тел Џорџ Со­рос, слич­но ка­ко За­ев, тоа го де­ман­ти­ра­ше во Бри­сел. Фон­до­ви­те ги ра­ко­во­де­ле не­го­ви­те фи­ли­ја­ли, слич­но ка­ко што гра­ѓа­ни­те ја ор­га­ни­зи­ра­ат ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“, а „Про­те­сти­рам“ се не­за­вис­ни и апо­ли­тич­ки, не­ли… Со це­ла­та сво­ја по­ли­тич­ка па­те­ти­ка, на­вре­да на ин­те­ли­ген­ци­ја­та на на­ро­дот и сом­ни­тел­ни­от збир на мо­ти­ви за неј­зи­но спро­ве­ду­ва­ње, ма­кар и ва­кво ки­ла­во, на­ша­та ша­ре­на „ре­во­лу­ци­ја“ ра­ди­кал­но ги ме­ну­ва свет­ски­те нор­ми за зна­че­ње­то на збо­рот кој оз­на­чу­ва со­ци­јал­ни про­ме­ни. Ова би би­ла и пр­ва свет­ска ре­во­лу­ци­ја на бо­га­ти­те про­тив си­ро­маш­ни­те, со ли­де­ри на­фа­ти­ра­ни до „пла­фон“ кои, де­мек, са­ка­ат да ја вра­тат сред­на­та кла­са ко­ја са­ми ја уни­шти­ја. Не­што слич­но ка­ко ко­га Ста­лин би ги уни­штил кол­хо­зи­те и би по­мог­нал во вра­ќа­ње­то на ин­ди­ви­ду­ал­ни­от зем­јо­де­лец, а Хит­лер би по­мог­нал во вос­по­ста­ву­ва­ње ед­на­квост ме­ѓу рас­и­те и на­ци­и­те…

sarena-porta

СДСМ КУ­ПИ ПО­ЛОВ­НА, НЕ­УС­ПЕШ­НА ША­РЕ­НА „РЕ­ВО­ЛУ­ЦИ­ЈА“

Де­но­ви­ве ма­ке­дон­ска­та јав­ност, а оние пр­вич­но из­ла­жа­ни во мо­ти­ви­те на ре­во­лу­ци­ја­та најм­но­гу,  се раз­о­ча­ра од уште еден ре­во­лу­ци­о­не­рен „факт.“ Та­мам си­те мис­леа де­ка др­жа­ва­та има единс­тве­на ре­во­лу­ци­ја, ба­рем по име­то, „ша­рен“ ком­про­мис соз­да­ден по­ра­ди не­мож­но­ста во­да­чи­те да се до­го­во­рат око­лу бо­ја­та на по­ли­тич­ко­то дви­же­ње, стиг­на раз­о­ча­ру­вач­ка­та вест за мно­гу­ми­на.

Ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ да ти би­ла ко­пи-пејст ду­ри и по име­то и по ору­ди­ја­та. Кој знае да­ли СДСМ зна­ел де­ка од Ср­ѓа По­по­виќ ку­пу­ва по­лов­на „на­пра­ви­ја“, ба­шка не­ус­пеш­на, иа­ко си­те ве­ќе зна­е­ја де­ка дејс­тву­ва­ње­то на на­ши­те ква­зи­ре­во­лу­ци­о­не­ри е ко­пи­ја на обо­е­ни­те ре­во­лу­ции во све­тот,  ра­ко­во­де­ни од стра­те­ги­ја­та на Кан­ва­со­ви­от цен­тар во Бел­град. Ог­ле­да­ла­та, цве­то­ви­те, по­зи­ра­ња­та, уди­ра­ње­то по его­то и „вие сте по­и­на­кви“ ако сте со нас, „кул е да те уап­сат, па да се фа­лиш“, соз­да­ва­ње­то „нај­до­бра жур­ка во гра­дот, ко­ја не смее да се про­пу­шти“ и слич­но се са­мо дел од поз­на­та­та ше­ма на По­по­виќ, но најм­но­гу де­при­ми­ра­ше по­да­то­кот де­ка и име­то и „фар­ба­ње­то“ на ин­сти­ту­ци­и­те не е ни­што но­во. На­про­тив, да ти би­ло це­ла де­це­ни­ја ста­ро. Ба­шка од со­седс­тво­то – БиХ, т.е. Са­ра­е­во. Мо­же­би се пра­шу­ва­те зо­што не сте чу­ле за неа и чу­му беа по­треб­ни тол­ку мно­гу ме­се­ци за да се доз­нае ко­пи­ра­ње­то на са­ра­ев­ска­та при­ка­ска во Скоп­је. Ве­ро­јат­но по­ра­ди ре­зул­та­ти­те на ори­ги­нал­на­та бо­сан­ска бур­ле­ска ко­ја ми­на не­за­бе­ле­жа­но и за ко­ја све­до­чат са­мо ви­де­о­то на ТВ „Ха­јат“, не­кол­ку сли­ки и бло­го­ви. Се­то дру­го е из­бри­ша­но, ка­ко лош обид и те­шка глу­пост. Се­пак, има ед­на го­ле­ма раз­ли­ка со ма­ке­дон­ска­та, исто­и­ме­на и не­ло­гич­на „ре­во­лу­ци­ја“.

Во Са­ра­е­во по­ли­ци­ја­та во­оп­што не ги ште­де­ше  „ша­ре­ни­те“. Ка­ко што све­до­чи и са­мо­то ви­део, де­мон­стран­тот кој се оби­де да „офар­ба“ еден по­ли­ца­ец, за­вр­ши пре­те­пан од трој­ца при­пад­ни­ци на ре­дот и за­ко­нот, кои не се ни мис­леа да­ли и по­крај не­кол­ку вклу­че­ни ка­ме­ри да му удрат не­кој пен­дрек, да го из­бо­ксу­ва­ат и кло­ца­ат на зем­ја. Бо­јо­са­ни­от по­ли­ца­ец из­ва­ди ду­ри и пи­штол! За­мис­ле­те са­мо та­кво не­што во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што по се­то са­мо­во­лие и анар­хи­ја на ху­ли­га­ни­те на СДСМ, на­ша­та по­ли­ци­ја ве­ќе трет ме­сец тр­пи и ган­ди­ев­ски ги под­не­су­ва на­вре­ди­те, бо­јо­су­ва­ња­та и из­жи­ву­ва­ње­то на ша­ка ди­ле­тан­ти и ван­да­ли. Уште по­страш­но, мо­же­те ли да ги за­мис­ли­те нас­лов­ни­те стра­ни­ци и ве­сти­те на Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми и про­фе­си­о­нал­ни­те УСА­ИД про­ект­ни те­ле­ви­зии? Сли­ка­та не би ја сим­на­ле од екра­ни­те, а со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те не­за­вис­ни „ана­ли­ти­ча­ри“ би она­ни­ра­ле на неа во си­те еми­сии и ве­сти, не са­мо вче­раш­ни.  Во Бос­на, пак, сѐ што до­би­ја е сил­на осу­да на на­ро­дот, кој во 99 про­цен­ти од ко­мен­та­ри­те зак­лу­чи де­ка ван­да­лот си го зас­лу­жил сво­е­то, а дел сме­таа де­ка му би­ло мал­ку. И тол­ку…

zaev-i-avtobusi-triterol

РА­ДИ­КА­ЛИ­ЗА­ЦИ­ЈА ЗНА­ЧИ НО­СЕ­ЊЕ СО АВТО­БУ­СИ И КР­ШЕ­ЊЕ ПРО­ЗОР­ЦИ

Во­де­ни од мо­мен­ту­мот на на­мет­ну­ва­ње свој, сопс­твен, пар­ти­ски и оп­штес­твен бе­лег на сѐ што по­стои, ма­кар и ре­во­лу­ци­ја, СДСМ ста­ви свој пе­чат и на збо­рот „ра­ди­ка­ли­за­ци­ја“.  Две не­де­ли од­бро­ју­ваа, бо­јо­су­ваа, цр­таа, чкр­таа, бло­ки­раа кр­стос­ни­ци, се­то тоа ка­ко нај­а­ва за не­ка­ква  ра­ди­ка­ли­за­ци­ја. Па, се пре­мис­ли­ја – сфа­ти­ја де­ка суд­ни­от 18 ју­ни е са­бо­та во про­дол­жен ви­кенд. Ту јаз’к, не ви­де­ле во ка­лен­дар! Пи­ши-бри­ши, ре­во­лу­ци­о­не­ри­те не се по­ко­ле­баа, па, ед­но­став­но, го пре­ме­сти­ја за по­не­дел­ник 20 ју­ни. Та­ка, дој­де и тој, ви­кен­да­шки од­ло­же­ни­от су­ден, црн ден за „ре­жи­мот“ во по­стој­на­та Ма­ке­до­ни­ја. И до­де­ка си­те се чу­деа и ис­че­ку­ва, што ли ќе на­пра­ват „ша­ре­ни­те сло­бо­да­ри“, тие из­мис­ли­ја сво­ја, сопс­тве­на, бед­на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја. Отка­ко скоп­ја­ни се раз­о­ча­раа од нив­на­та де­зор­га­ни­зи­ра­ност и ги про­ѕреа ни­ски­те ре­во­лу­ци­о­нер­ни по­бу­ди, а дел и си за­ми­наа на ре­во­лу­ци­о­не­рен од­мор за­ра­бо­тен со днев­ни­ца­та од 20 евра на ве­чер, се­ко­гаш под­го­тве­ни­те и остро­ум­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти сед­наа, се оку­ра­жи­ја од авто­бу­ски­те тен­де­ри на ли­де­рот и смис­ли­ја нов план. За нив ра­ди­ка­ли­за­ци­ја зна­чи кр­ше­ње про­зор­ци на ин­сти­ту­ци­ја, обид за ури­ва­ње спо­ме­ник на ли­кот кој му го до­нел ог­нот на чо­веш­тво­то и нај­бит­но­то – но­се­ње со авто­бу­си на оп­штин­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја. Ај, што ги до­не­соа, но не мо­ра­ше ток­му со авто­бу­ски­от пре­воз­ник заг­ла­вен до гу­ша во За­е­ви­те тен­де­ри, чиј­што сопс­тве­ник е член на СДСМ, кој на по­ве­ќе тен­де­ри ќа­рил, ве­ру­ва­ле или не, еден ми­ли­он евра од оп­шти­на Стру­ми­ца? Су­ма­та од 1.125.500 до­ла­ри (евра­та пре­ве­де­ни во аме­ри­кан­ска ва­лу­та) е пре­го­ле­ма су­ма ду­ри и за еден Њу­јорк, а не за Стру­ми­ца. Но, со­се­ма слу­чај­но, ток­му тој „Три­те­рол“ на Ле­фтер ги до­не­се „де­мон­стран­ти­те“ од Стру­ми­ца и од Ку­ма­но­во, ба­сти­о­ни­те на СДСМ, по из­бор на ад­ми­ни­стра­ти­вен ка­дар кој мо­же да се уце­ну­ва со ра­бот­но ме­сто за да оди на про­те­сти.   

zaev-so-lisici  

ЗА­МА­ТЕ­НА­ТА РЕ­ЗО­ЛУ­ЦИ­ЈА НА МА­КЕ­ДОН­СКА­ТА РЕ­ВО­ЛУ­ЦИ­ЈА

Се­пак, ка­ко и да гле­да­те, име­то на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“ од­лич­но ѝ лег­на на со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та па­ро­ди­ја во оби­дот за ра­ди­кал­на про­ме­на. Збир­шти­на­та на си­те мож­ни учес­ни­ци во неа, да­ли би­ле екс­ми­ни­стри или бра­ќа на поз­на­ти ал­бан­ски по­ли­ти­чар­ки кои цел жи­вот би­ле во сен­ка, па се­га до­би­ле шан­са да се по­ка­жат, ма­кар што иста­та пар­ти­ја го пу­шти­ла неј­зи­но­то „стен­ка­ње“ во етер или, пак, би­ле пар­тиј­ци во по­дем со сил­на ам­би­ци­ја за ра­бо­та во ад­ми­ни­стра­ци­ја или, пак, уче­ни­ци „кри­ми­но­ло­зи“ – шти­те­ни­ци на кри­ви­ча­рот кој са­ка­ше да би­де Ка­ти­ца Ја­не­ва и не­од­мин­ли­ви­от се­ри­о­зен дел пен­зи­о­не­ри, екс­ди­ре­кто­ри, про­фе­со­ри и су­дии, му да­де ви­стин­ски шмек на ша­ре­ни­ло. Ток­му таа сли­ка со сла­ба, очај­на ре­зо­лу­ци­ја за мо­ти­ви­те на неј­зи­но­то по­сто­е­ње и це­ли го оправ­да име­то на „де­ша­вка­та“, ко­ја по­ве­ќе е дел од не­ло­гич­на пар­ти­ска ре­тро­град­на ево­лу­ци­ја откол­ку ка­ква и да е ре­во­лу­ци­ја. Ко­га ре­зо­лу­ци­ја­та на сли­ка­та е сла­ба, при­ро­ден тек на не­шта­та е при неј­зи­но­то доб­ли­жу­ва­ње или зго­ле­му­ва­ње, бо­и­те да ви се из­ме­ша­ат, а со тоа и да ја за­гу­би­те смис­ла­та за цел­та на фо­то­гра­фи­ја­та. На­ша­та ре­во­лу­ци­ја, пак, од са­ми­от по­че­ток има ед­на и единс­тве­на цел – очај­нич­ки обид за вра­ќа­ње на власт на ед­на бе­ле­жа­на, по­ли­тич­ки и идеј­но им­по­тент­на пар­ти­ска но­менк­ла­ту­ра, на ко­ја најм­но­гу ѝ го­ди ра­бо­ти­те да се не­јас­ни, т.е. ша­ре­ни. Па, кој раз­бе­ре, раз­бе­ре. Проб­ле­мот е што по 25 го­ди­ни не­за­вис­ност, на­ро­дот, чи­ја­што ин­те­ли­ген­ци­ја СДСМ по на­ви­ка  ја пот­це­ну­ва, ја на­у­чи по­ен­та­та на ста­ра фин­та – но­ва бу­да­ла. Ток­му тој на­род ве­ли: Ако ед­наш ме из­ла­жеш, срам да ти е! Ако ме из­ла­жеш два­па­ти, срам да ми е! А, ток­му СДСМ се­га ку­пи по­лов­на ре­во­лу­ци­ја, ба­шка не­ус­пеш­на, па ма­кар би­ла и ша­ре­на. Ста­ра фин­та – но­ва пар­ти­ја…   

КО­СТОВ: ША­РЕ­НИ­ТЕ СА­КАА ДА ГО ПО­НИ­ЖАТ ПРО­МЕ­ТЕЈ, А ТОЈ ГИ ПО­РА­ЗИ НИВ 

Ко­лум­ни­стот, по­ра­не­шен ја­вен об­ви­ни­тел и ана­ли­ти­чар, Со­тир Ко­стов, со не­га­тив­на оцен­ка за ра­ди­ка­ли­за­ци­ја­та на ша­ре­на­та „ре­во­лу­ци­ја“. Оцен­ка­та ѝ ја да­ва за­тоа што за не­го таа е мно­гу ре­тро­град­на и без­на­деж­но де­стру­ктив­на или, ка­ко што ве­ли, ед­но го­ле­мо ни­што, ну­ла.

kostovКО­СТОВ: Чист ни­што­и­зам. А, за тоа што ла­жат, и ед­ни­те – ша­ре­ни­те, и дру­ги­те – СДСМ, де­ка не се по­вр­за­ни, или по­точ­но ед­но те исто, а ва­му 50 авто­бу­си од Циц и Ку­ма­но­во, па 50 дру­ги од Ви­це­то и Стру­ми­ца, се­пак, крај­на­та оцен­ка е ми­нус 10. Мо­ре ве­ќе ги слу­шам ка­ко мр­чат и не се сог­ла­су­ва­ат со мо­и­те ква­ли­фи­ка­ции и оцен­ки. Епа, еве, ај­де да ви­ди­ме што се слу­чи, т.е. што сѐ на­пра­ви­ја ша­ре­ни­те: се од­не­су­ваа на­сил­но (ка­ко бан­ди­ти ала Ча­уш или оној пи­штол­џи­ја­та кој се сли­ка со Зо­ран За­ев, Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска и со Оли­вер Спа­сов­ски, а по­тоа со пи­штол се оби­ду­ва да убие не­долж­ни лу­ѓе), се за­ка­ну­ваа и па­леа (во сти­лот на пи­ро­ман­ска­та ба­гра ала Трич­ков­ски), кр­шеа, ди­ве­е­ја и уни­шту­ваа (ка­ко улич­ни­те бан­ди на скоп­ско­то кри­ми­нал­но под­зем­је).

„Пог­лед­ни во ог­ле­да­ло и на­у­чи да се об­ле­ку­ваш. Пог­лед­ни ги лу­ѓе­то и на­у­чи што е до­бро, а што зло. Пог­лед­ни во исто­ри­ја­та и споз­нај ги бла­го­со­стој­ба­та и про­па­ѓа­ње­то“, нѐ учи ед­на ки­не­ска по­го­вор­ка. По ди­ве­е­ње­то на ди­ви­те ор­ди на ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја на „нај­го­ле­ми­от про­тест во Ма­ке­до­ни­ја“, на тие што ги кр­шеа про­зор­ци­те и ја уни­шту­ваа згра­да­та на Ми­ни­стерс­тво­то за прав­да, на тие што па­леа пла­стич­ни бу­ри­ња и ги фр­лаа по ули­ци­те и фа­са­ди­те на згра­ди­те, ме­ѓу дру­ги­те и на Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, на тие што го исша­раа, обо­и­ја спо­ме­ни­кот на Про­ме­теј, се оби­доа да го ур­нат, но не беа ка­дар­ни да го на­пра­ват тоа им по­ра­чу­вам, по­точ­но, до­бро­на­мер­но ги со­ве­ту­вам: Пог­лед­не­те се во ог­ле­да­ло и ви­де­те ја гр­до­ти­ја­та на ва­ши­те ма­ски (ма­ра­ми на ли­це, ка­чул­ки на гла­ва). Тие, ма­ски­те, ве пра­ват без­лич­ни. Друг пат об­ле­че­те се во об­ле­ка што ќе ви да­де иден­ти­тет и пер­со­на­ли­тет на ви­стин­ски лу­ѓе, би­деј­ќи зат­скри­е­ни со ма­ра­ми­те и ка­муф­ли­ра­ни со ка­чул­ки­те сте не­пер­со­на­ли­зи­ра­ни уни­шту­ва­чи, без­лич­ни ре­во­лу­ци­о­не­ри и, ка­ко та­кви, си­лу­е­ти на ноќ­на­та де­струк­ци­ја; пог­лед­не­те ги в очи лу­ѓе­то око­лу вас, до­бро про­це­не­те кои гра­дат и соз­да­ва­ат но­ви вред­но­сти, во вид на кул­ту­ра и умет­нич­ки твор­би, а кои зло­на­мер­но ве под­буц­ну­ва­ат и не­од­го­вор­но ве на­го­ва­ра­ат, но и при­си­лу­ва­ат, на не­ар­ти­ку­ли­ран гнев и не­у­рам­но­те­жен бес, кои ги пре­тво­ра­те во не­кон­тро­ли­ра­на агре­си­ја, па на­па­ѓа­те, по­вре­ду­ва­те и уни­шту­ва­те. Оби­де­те се да сфа­ти­те и да при­фа­те­те де­ка пр­ви­те се до­бро­то кое вто­ри­те ви го за­маг­лу­ва­ат, ве те­ра­ат да го уни­шту­ва­те, та­ка што го бу­дат ѕве­рот во вас, а вто­ри­те се зло­то, кои се зло­на­мер­ни, ма­ни­пу­ли­ра­ат со вас и ве иско­ри­сту­ва­ат. Не при­фа­ќај­те да го уни­шти­те нај­до­бро­то во се­бе за да по­вре­ду­ва­те или уби­ва­те дру­ги (ви ве­лат да пад­не крв, да пад­нат жр­тви), да уни­шту­ва­те до­бра, об­је­кти и туѓ имот. Тре­ба да зна­е­те и да ве­ру­ва­те де­ка овој фун­да­мен­та­ли­стич­ки и ра­ди­ка­ли­зи­ран при­од уби­ва: бу­квал­но и ме­та­фо­рич­ки. Ка­ко фи­зич­ки и те­лес­но, та­ка ду­хов­но и мо­рал­но. До­бро, знам, си­те ние се ме­ну­ва­ме. Не­ко­гаш на по­до­бро, друг пат не та­ка на до­бро. Не­ко­гаш тие про­ме­ни се плод на над­во­реш­ни вли­ја­ни­ја или при­ти­со­ци, а во друг слу­чај се ре­зул­тат на не­вид­ли­ви­те слу­чу­ва­ња во на­ши­те ду­ши. Не­ко­гаш се спро­тив­ста­ву­ва­ме онол­ку кол­ку што има­ме си­ла, а друг пат сме за­чу­ду­вач­ки па­сив­ни и инерт­ни. Но, нај­о­пас­но е ко­га без­вол­но им се пре­пу­шта­ме на си­ли­те на зло­то, кои вле­чат на­зад, нѐ во­дат во тем­ни­ца и на ра­бот на про­ва­ли­ја­та. Тоа не чи­ни! Мо­ра­ме да го по­бе­ди­ме. Ина­ку, ќе на­ста­пи ха­о­сот, сѐ ќе се пре­тво­ри во анар­хи­ја и ќе зав­ла­дее без­за­ко­ни­е­то.

На кра­јот ај­де пог­лед­не­те во исто­ри­ја­та низ ве­ко­ви­те и сто­ле­ти­ја­та. Во неа, ка­ко Ко­ри­феј, над си­те се из­ди­га Про­ме­теј. Да, ток­му тој. Ти­та­нот што са­ка­вте да го со­бо­ри­те и уни­шти­те. Зо­што? Па, не зна­е­те ли де­ка тој е нај­го­ле­ма­та риз­ни­ца на му­дро­ста и не­пре­суш­ни­от из­вор на вред­но­сти. Зар Мир­јан­че­то, Трич­ко и Гер­чо не ви ка­жаа де­ка тој е оте­ло­тво­ре­ние на хра­брост, гор­дост, пр­кос кон не­прав­да­та, от­пор кон ста­ри­от по­ре­док и оли­це­тво­ре­ние на сре­ќа, љу­бов, сло­бо­да и чо­ве­ко­љу­бие. Лу­ѓе мои, тој е нај­го­ле­ми­от сим­бол на бор­ба­та за на­пре­док, и сре­ќа на лу­ѓе­то и чо­веш­тво­то. До­ка­жа­но ги са­кал лу­ѓе­то по­ве­ќе од бо­го­ви­те. Му се спро­тив­ста­вил на Зевс, им го пре­дал ог­нот на лу­ѓе­то, ги на­у­чил ка­ко да го пол­зу­ва­ат, тој им по­ка­жал на лу­ѓе­то ка­ко да се­ат и жне­ат, ка­ко да ги скро­ту­ва­ат и пол­зу­ва­ат ко­њи­те и дру­ги­те до­маш­ни жи­вот­ни. Пи­шу­ва­ње­то и сме­та­ње­то, гра­де­ње­то бро­до­ви и ку­ќи, ме­ди­ци­на­та, на­ви­га­ци­ја­та и астро­но­ми­ја­та, исто та­ка, се Про­ме­те­е­ви да­ро­ви за лу­ѓе­то. Си­те лу­ѓе, низ це­ла­та исто­ри­ја на чо­веш­тво­то и све­тот, се сог­лас­ни де­ка тој, Про­ме­теј, е ОПШ­ТО ДОБ­РО ЗА ЧО­ВЕШ­ТВО­ТО, ка­ко што тоа е прет­ста­ве­но во згра­да­та на УНЕ­СКО во Па­риз, на умет­нич­ка­та сли­ка на ге­ни­ја­ле­цот Та­ма­јо, умет­ник од Ме­кси­ко. И се­га!? Што да пра­ви­ме, дра­ги мои про­ме­те­јо­фо­би? Са­мос­поз­на­ни­е­то, т.е. са­мо­приз­на­ни­е­то, во сти­лот на Ни­че, де­ка „го­ле­ми­те проб­ле­ми се (соз­да­ва­ат) на ули­ца“, мис­лам е не­до­вол­но и не по­ма­га. Ама има не­што што и мо­же да по­мог­не: искрен од­нос кон са­ми­те се­бе, не­доз­во­лу­ва­ње друг да ве ма­ни­пу­ли­ра и ре­ал­на ди­оп­три­ја при гле­да­ње­то и ана­ли­зи­ра­ње­то на ре­ал­но­ста око­лу нас. Е, тоа по­ма­га. Ду­ри то­гаш мо­же да се ви­ди де­ка ВО ствар­но­ста ре­ал­но­ста е по­и­на­ква. Од искри­ве­на­та ди­оп­три­ја на лил­ја­ци­те на ко­му­низ­мот, Бран­ко Трич­ков­ски („Дој­де вре­ме да ги смач­ка­ме иди­о­ти­те!“), Бран­ко Ге­ро­ски („Пос­лу­шај­те иди­о­ти, да ви ка­жам сло­во­то… ду­ри е вре­ме и ду­ри не сте ја пре­че­ко­ри­ле точ­ка­та од ко­ја не­ма вра­ќа­ње“) и Мир­ја­на Нај­че­ска („Жи­ве­е­ме во смрд­лив ќе­неф/Ма­ке­до­ни­ја/…Бев та­му со 100, 200, 300, 500 по­ли­цај­ци.. мно­гу таж­на збир­шти­на“). Зна­е­те, тие се ма­ке­дон­ски­те ЗЛО­ЧИН­ЦИ кои има­ат чув­ство на ви­на. Зло­чин­ци кои има­ат за­ед­нич­ка ре­тро­град­на и де­стру­ктив­на фи­ло­зо­фи­ја – фи­ло­зо­фи­ја­та на Ра­скољ­ни­ков и Ри­чард Тре­ти. Ту­ка пре­ки­ну­вам. Доз­на­вам де­ка поч­нал кр­вав ро­ке­нрол со на­вре­ди до бе­свест по­ме­ѓу дво­е­цот без кор­ми­лар – Бран­ко (Трич­ков­ски) и Бран­ко (Ге­ро­ски). Се оче­ку­ва бр­зо за­ма­ша­телс­тво и на не­кој од ју­на­ци­те на До­сто­ев­ски, но и на ма­ке­дон­ска­та Кир­ка, ме­та­фо­ра­та за же­на ко­ја не­ги­ра сѐ и се­што во Ма­ке­до­ни­ја и се оби­ду­ва да ги по­лу­ди обич­ни­те лу­ѓе кои нај­дол­но и нај­срам­но ги на­вре­ду­ва. Сѐ мо­же­ме да оче­ку­ва­ме, ду­ри и нај­ло­шо­то од нив (се­пак скра­ја да е), би­деј­ќи нив­на­та де­ви­за е онаа на Ки­ри­лов – Сѐ е доз­во­ле­но! Но, за де­та­ли­те за ова и за  по­бе­да­та на Про­ме­теј врз овие ор­ли на ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја во след­на при­го­да.

ПАН­ДОВ: ДЕП­РЕ­СИ­ЈА­ТА ОД „КУЛ­МИ­НА­ЦИ­ЈА­ТА“ ЌЕ ЈА ЛЕ­КУ­ВА­АТ ВО ГР­ЦИ­ЈА ДО СЕП­ТЕМВ­РИ 

На се­кој здра­во­ра­зу­мен чо­век му е јас­но де­ка ша­ре­ни­те се збир­шти­на на гу­бит­ни­ци и очај­ни­ци, лу­ѓе пол­ни фру­стра­ци­ја и омра­за, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Але­ксан­дар Пан­дов, кој ги оце­ну­ва ка­ко ли­ца кои на се­кој на­чин се оби­ду­ва­ат иста­та да ја исту­рат на оста­на­ти­от, нор­ма­лен на­род.

pandovПАН­ДОВ: Од стра­на гле­дај­ќи ги, ед­но­став­но не мо­жам да се на­чу­дам ка­ко во 21 век тие сѐ уште ве­ру­ва­ат де­ка со на­силс­тво и со ван­да­ли­зам ќе дој­дат на власт. Ни­ка­ко не мо­жат да раз­бе­рат де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род е по­ли­тич­ки пис­мен и де­ка ве­ру­ва и да­ва власт са­мо на про­гра­ма, иде­ја и на до­ка­жа­ни лу­ѓе, а ни­ка­ко на або­ли­ра­ни и до­ка­жа­ни кри­ми­нал­ци од ти­пот на Зо­ран За­ев и на пла­те­нич­ка­та стру­кту­ра на Со­рос. На­ро­дот не мо­же и не са­ка да ве­ру­ва на пла­те­ни­ци кои две це­ли не­де­ли го мал­тре­ти­ра­ат на­ро­дот со ша­ра­ње бро­е­ви кои во пре­вод зна­че­ле од­бро­ју­ва­ње до де­нот „Д“, а ко­га ша­ре­ни­ве и СДСМ сфа­ти­ле де­ка тој 18 ју­ни па­ѓа сре­де ви­кенд, а тој ви­кенд уште да ти бил и про­дол­жен, мр­тви лад­ни го по­ме­сту­ва­ат за два де­на. На­ро­дот мо­ра да има раз­би­ра­ње за нив, па мо­ра­ат да се од­мо­рат. Сме­шки!

Единс­тве­ни­от све­тол мо­мент на нив­ни­от за­вр­шен про­тест бе­ше јав­но­то из­ле­гу­ва­ње на по­вр­ши­на на СДСМ ка­ко гла­вен ор­га­ни­за­тор на бед­ни­те про­те­сти. По за­врш­ни­ов про­тест кој тре­ба­ше да би­де кул­ми­на­ци­ја, а се пре­тво­ри во то­тал­но фи­ја­ско, си­гу­рен сум де­ка опо­зи­ци­ја­та и нив­ни­те Со­ро­со­ви под­др­жу­ва­чи ќе за­пад­нат во уште по­го­ле­ма де­пре­си­ја ко­ја ќе ја ле­ку­ва­ат по грч­ки­те пла­жи сѐ до сеп­тем­ври.

Текстот е објавен во 199 број на Република, кој излезе од печат на 24 јуни 2016 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top