| четврток, 6 декември 2018 |

Не жалат за ЕУ, туку за Шкотска: Британија заслужи британски сарказам

Денеска цела Европа, но и цела Британија, се привикнува на фактот дека на референдумот повеќето гласачи избраа напуштање на ЕУ.
Многу славни личности ги изнесоа своите први впечатоци на социјалните мрежи.

Џ.К. Роулинг вели дека никогаш повеќе не посакувала магија и прогнозира дека сега Шкотска ќе посака осамостојување и дека тоа е крај на Обединетото Кралство.

Хју Лори иронично им честита на тие што сакаа надвор. „Ви честитам, „екситерс“, рикверцот е право, па долу, полека притиснете на куплунгот“.

Прогнозата на Пирс Морган е црна. „Следна станица: Шкотска излегува“.

Данкан Џоунс, синот на Дејвид Боуви, има слично мислење: „Ќе биде интересно да гледаме како набрзо Шкотска бара референдум за независност. Тоа би било фер.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top