Лидерите на Европската унија денеска ќе одржат вонредна средба посветена на резултатите од вчерашниот референдум во Велика Британија, на кој Британците се изјаснија за напуштање на Унијата, соопштија дипломатски извори во Брисел.
Според истиот извор, средбата ја свикал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и на неа ќе присуствуваат првите луѓе на Европскиот совет и на Европарламентот, Доналд Туск и Мартин Шулц, како и холандскиот премиер Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
-Лидерите на Европската унија ќе се сретнат за да решат што да прават по шокирачката одлука, изјави неименуваниот дипломат, додавајќи дека четворцата високи претставници на Унијата ќе се обидат да ја „усогласат заедничката европска позиција по резултатите од британскиот референдум“.
За подоцна денеска е најавена и вонредна седница на Европската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст