Мнозинството Британци на вчерашниот референдум се изјаснија за истапување на Велика Британија од ЕУ, соопшти утринава британската Изборна комисија.
Како што јави „Би-би-си“, според резултатите од преброените гласови од сите избирачки окрузи, 17.410.742 избирачи или 51,9 отсто се изјасниле за излез на Велика Британија од ЕУ, додека 16.151.241 или 48,1 проценти гласале за останување на земјата во Унијата.
Одѕивот на референдумот бил 71,8 отсто, што претставува највисока излезност на некое гласање во Велика Британија од парламентарните избори во 1992 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.