| четврток, 6 декември 2018 |

Брегзит и на наша кожа: Вредноста на фунтата вртоглaво опаѓа, опаѓа и вредноста на еврото, расте цената на златото

фунта брегзит

Кога стана извесно дека Обединетото Кралство по референдумот може да излезе од ЕУ, на светските берзи стана паника, особено на девините пазари.

Веднаш по затворањето на гласачките места фунтата и по анкетите кои им даваа блага предност на противниците на Брегзит, фунтата зајакна во однос на американскиот долар, на 1,5 долари, но кога почнаа да доаѓаат првите конкретни резултати во корист на Брегзитот, се почна драстично да се менува. Следеше слободен пад на британската валута, а како што одминувапе ноќта и Брегизт стануваше се пореален, така во еден момент фунтата во однос на доларот падна на невидено ниво уште од 1985 г. Тоа е пад од повеќе од 10 отсто, на дури 1,33 долари.

Падот на фунтата е најголем еднодневен пад постигнат на берзите  и се очекува главниот индекс на Лондонската берза ФТСЕ остро да падне на почетокот на тргувањето во 9 часот по наше време, а минусот на отворањето би можел да биде околу 7%, според индикациите.

Во однос на еврото фунтата изгуби 7% вредност, на 1,2085.

Истовремено, еврото во однос на американскиот долар падна за 3,3%, што е историски најголем пад во еден ден.

Банката на Англија соопшт дека ќе стори се за да ја зачува монетарната и финансиска стабилност.

Истовремено азиските берзански индекси исто така се на црвено, јапонскиот Никеи 225 изгуби повеќе од 3% вредност, хонконшкиот Ханг Сенг околу 3,5%. Инвеститорите бараат сигурност во златото, чија цена порасна за 3%.

И американските индекси во терминската трговија се во длабок минус, Дау Џонс Индустријалс изгуби повеќе од 5%.

-Тукушто ми испари целата плата пред очите, го илустрира драматичниот пад на фунтата професорот Луис Гарчано од Лондонската економска школа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top