
Во рамки на 9. манифестација „Топол културен бран“ годинава ќе се реализираат повеќе од 100 културни настани во 31 општина. Програмата ќе се реализира во две етапи, од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август во Вевчани, Валандово, Кавадарци, Ресен, МавровоРостуша, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Крива Паланка, Могила, Неготино, Кочани, Демир Капија, Македонска каменица, Кратово, Делчево, Берово, Кичево, Богданци, Виница, Чашка, Демир Хисар, Новаци, Свети Николе, Гостивар, Крушево, Кривогаштани, Охрид, Гевгелија, Ресен и општина Петровец. Ова на денешната пресконференција го соопшти министерката за култура Елизабета КанческаМилевска, која истакна дека имало голем интерес од општините. Министерството за култура во април годинава објави конкурс за учество во програмата на „Топлиот културен бран“, кој беше отворен за сите општини во Република Македонија.
-Големиот број пристигнати апликации го потврдија интересот на општините да ги вложат сите свои потенцијали во изработката на програми со кои ќе ја анимираат публиката во летниот период. Критериумите според кои се вршеше изборот на понудените програми беа квалитетот и инфраструктурниот капацитет на општините – рече Канческа Милевска.
Додаде дека од буџетот на Министерството за култура се издвоени 4 милиони денари, распределени за сите општини, врз основа на настаните што ќе се реализираат. Од големиот број случувања, таа ги издвои театарски претстави од репертоарот на националните театарски куќи Македонскиот народен театар, Театарот Комедија, Охридскиот, Штипскиот и Албанскиот театар. Концерти ќе имаат етно групите „Монистра“, „Синтезис“, „Љубојна“, концерт на ансамблот „Танец“ и настапи на помали фолклорни друштва преку кои, како што рече, ќе се промовира македонскиот фолклор и македонската изворна песна. Граѓаните ќе можат да ги проследат и настапите на Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, потоа рок концертите на ДНК и Ај Кју, на македонските естрадни уметници Даниел Кајмаковски, Сара Мејс… Министерката за култура потсети дека досега во рамки на оваа манифестација се реализирани повеќе од 800 проекти. Таа изрази задоволство што нашата држава во изминатиот период беше и на агендата на големите музички ѕвезди како Дејвид Гета, Енрике Иглесиас, Џон Њуман. До крајот на летото, со поддршката на Министерството за култура во Охрид ќе ги видиме и Ники Ромеро, Ал Ди Меола и легендарните Продиџи
Таа потсети дека во текот на летото во нашата држава се реализираат и голем број на фестивали Охридско, Скопско, Битолско и Прилепско лето, „Струшките вечери на поезијата“, „Балканскиот фолклорен фестивал“, „Галичката свадба“, фестивалот на античката драма „Стоби“, „Офффест“, „Крушевоетноград“. Од неодамна започнавме и со реализацијата на проектот „Културно лето“ кој ги промовира потенцијалите на туристички атрактивните општини како Берово, Крушево, Ресен и Дојран, кој годинава е град на културата. Градоначалничката на Богданци Анастасија Олумчева истакна дека поддршката од Министерството за култура за малите општини е многу значајна. Секоја година, како што рече, се повеќе даваме акцент на млади автори, студенти, професори, локални групи и автори.
Зоран Тасев, градоначалник на Свети Николе, нагласи дека на своите граѓани ќе им понудат повеќе културни настанитеатарски претстави, концерти… Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезоски информира дека во рамки на „Преспанското културно лето“ ќе се реализираат повеќе настани во Стење, Крани, Сливница и Ресен. Според него, целта е да се овозможи збогатување на културното живеење на граѓаните, зголемување на свеста за културата и нејзините вредности и подобрување на туристичката понуда за време на летото во Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


