| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе останеме без сон – топлиот ден носи спарна и жешка ноќ

ноќ

По високите температури кои денеска се забележани низ градовите, ни претстои многу тешка и спарна ноќ. И утре не очекуваат температури до 37 степени.

Ова лето ќе биде потопло од вообичаено, предвидува сезонската прогноза издадена од Управата за хидрометеоролошки работи, според која, пак, врнежите нема да отстапуваат од многугодишниот просек.

Според сезонската прогноза, која се прави врз основа на прогностичките материјали што УХМР ги презема од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, изгледот на времето во Македонија за јуни, јули и август 2016 покажува дека температурите на воздухот ќе бидат малку повисоки од просечните, но тоа надминување нема да биде повеќе од 1 до 2 степена.

Kоличината врнежи ова лето се очекува да биде во рамките на просекот, со можност на посушен источен дел и поголема веројатност на позитивни надминувања во преостанатиот дел од Македонија. Многугодишниот просек на температура за Скопје за јуни е 21,9 степен, а за јули е 24,2 степени. Во август и температурата на воздухот и врнежите ќе бидат во рамките на просекот. За Скопје просечна многугодишна температура за август изнесува 23.9 степени.

Постои веројатност во летната сезона да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top