| четврток, 6 декември 2018 |

Не може секој да ја победи Шпанија, но ѝ успеа на Хрватска

Дуелот помеѓу репрезентациите на Португалија и Хрватска ќе се одигра на 25. јуни со почеток во 21:00 часот

ronaldo

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Португалија, Кристијано Роналдо потврди дека не е среќен поради фактот дека во 1/8-финалната рунда од ЕП 2016, за противник ќе ја има селекцијата на Хрватска.

Сакавме да победиме против Унгарија, но тоа беше луд натпревар. Три пати губевме, па мораме да бидеме задоволни и со ова реми бидејќи ни овозможи пласман во следната рунда. До самиот финиш бевме втори во групата, а потоа со голот на Исланд паднавме на третото место и сега пред нас е дуел со Хрватска. Многу ја почитуваме оваа репрезентација, која игра одличен фудбал на шампионатот. Не може секој да ја победи Шпанија на големите натпреварувања, а Хрватите го сторија токму тоа, изјави Роналдо.

Дуелот помеѓу репрезентациите на Португалија и Хрватска ќе се одигра на 25. јуни со почеток во 21:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top