
Лекарите препорачуваат децата во текот на денот најголем дел од течностите да ги внесат преку вода, а помалиот дел преку храна. На децата на возраст од 1-3 години им треба околу 250 мл вода дневно, додека децата од 4 до 8 години треба да пијат пет шолји.
Момчињата на возраст од 9 до 13 години треба да пијат осум шолји вода, додека за девојчињата препорачаната количина е седум шолји.
Кај децата не е во потполност развиен механизмот за жед и тие се посебно ранливи кога се жедни или благо дехидрирани затоа родителите треба да им напоменуваат на своите деца да пијат вода, бидејќи сами ќе се сетат во екстремни ситуации.
Како и возрасните децата не губат само течности преку мокрење, туку и преку потење, плачење, дишење и на тој начин губат 60 отсто од течностите во текот на денот.
На детето секогаш испратете му шише со вода кога излегува надвор со другарите или во парк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


