| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерот Христов организираше акција за лекување на Матеј од Делчево

hristov

Во фоајето на Спомен-домот АСНОМ Христов одржа предавање на тема „Концепт за развој и достигнување на среќа, заедно да ја вратиме вербата во човештвото“.

За Христов, овој настан е одлична прилика и материјално да му се помогне на семејството.

– Овој настан го организирав за да ја разбудиме свеста кај нашите сограѓани. Како што поминува времето заборавивме кои сме навистина. Прво, треба да си ги исполнуваме обврските како човечки суштества, а не како фудбалери, адвокати или доктори. Настанот е одлична прилика повторно да се навратиме, по начинот за живот по кој сите копнееме, а тоа е начин на живот во кој добродетелта е навика на секого, истакна Христов.

Присутните на предавањето донираа средства за лекувањето на Матеј, а добија морално-етичка благодарница за негување и развој на човештвото.

– Барем да се доближиме до целта која ја има семејството за лекување на детето. Присуството на делчевци на овој настан е голема инспирација и поттик дека некој се грижи за нив и верувам дека нема поголема инспирација од тоа дека некој не е имун на нивната болка, а за мене сочувствувањето е само сочувствување на дело, рече Христов.

Христијан има 21 година и во моментот игра за швајцарски фудбалски клуб. Тој почна да игра за клубот „Брегалница”, а потоа и во Вардар и Металург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top