| четврток, 6 декември 2018 |

Црвено-црните ќе бркаат титула со олимписки и светски првак: Кокшаров е новиот спортски директор во РК Вардар

koksharov

Поранешниот руски ракометен репрезентативец Едуард Кокшаров од следната натпреварувачка сезона ќе ја преземе функцијата на спортски директор во Вардар, во машка и женска конкуренција, потврди македонскиот првак.

 Кокшаров е поранешeн олимписки и светски првак кој во моментов ја врши функцијата главен тренер во СКИФ Краснодар. Доаѓа како личност полна со искуство, пред се како играч, кој зад себе има освоено многу медали и трофеи, и сега треба дел од тој квалитет да го вметне во вардаровиот пејсаж, се вели во соопштението од клубот.Во својата спортска биографија Кокшаров има настапувано за екипите на СКИФ Краснодар, Пивоварна Целје (Словенија) и Чеховски Медведи. Со екипата на Целје Пивоварна стана европски првак во ЛШ во 2004 година, а деветпати и првак на Словенија во периодот од 1999 до 2008 година.

На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година.
Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000.

Четирипати беше дел од Ол стар тимот на СП во 2001, 2003, 2005 и 2007. Беше најдобар стрелец на СП 2001 со 61 гол, а е дел од семејството „1000 гола” за Русија постигнат на ЕП 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top