| четврток, 6 декември 2018 |

Oграбена црквата „Света Петка“ во Беловиште

Вчера во 18.10 часот во ПО-Теарце, Б.М. (52) од с.Беловиште пријавил дека, во црквата „Света Петка“ во с.Беловиште непознат сторител извршил кражба, при што одзел 10.000 денари.

Сторителот преку незаклучената врата влегол внатре во црквата и од сандачето, каде верниците ставале пари, ги одзел и се оддалечил во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top