| четврток, 6 декември 2018 |

Масовна тепачка во Штип – летале дрва, секири, гасен пиштол

Вчеравечер околу 21.00 часот во Штип, на ул.„Радански Пат“, по претходна расправија настанала тепачка помеѓу Д.С. (35), Д. Ј. (26), Ј. Б. (45) и Ј.Л. (38) од една страна и Н.И. (41), Н.И. (23), Н. Џ. (31) и уште неколку лица од друга страна, сите од Штип.

Во тепачката од страна на Н.И., Н.И. и Н.Џ. се користени разни предмети (дрво, секира и сл.) и гасен пиштол, при што со телесни повреди се здобиле Д.С., Ј.Л., Ј.Б. и Д.Ј.

На истите им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Штип.

Џ.Н. и Н.И. се приведени и се задржани во ПС за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top