Ако институциите толерираат, народот ќе се справи со платеничката орда
На агресијата мора да се одговори
Срамно е тоа што оваа платеничка група, која наплатува милионски суми за антидржавно дејствување, си дозволува да се поистоветува со македонскиот народ и да се претставува како дел од него, а во исто време го навредува и понижува во секоја можна пригода. Уште победно е тоа што овие платеници себеси се сметаат за некакви херои кога се пресметуваат со спомениците и со објектите или кога скриени зад нивните профили на „Фејсбук“ се закануваат на секој неистомисленик и противник, а, од друга страна, се однесуваат како вистински кукавици кога ќе бидат предупредени дека ќе добијат со иста мерка ако не запрат со насилството врз институциите и со притисоците врз граѓаните. Да бидеме јасни, и по кој знае кој пат да повториме, законите важат за сите исто. Ако институциите го толерираат вандализмот на оваа платеничка банда, тогаш кој е тој што ќе смее да го казни народот поради неговата испровоцирана реакција?
Опозицијата да не се крсти во странци
Кризата ќе мора да се реши на избори
Иако многумина неупатени се надеваа дека на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на Европската унија во понеделникот ќе биде донесена одлука за почнување процедура за воведување санкции за Македонија, тоа сценарио ни од далеку не е реално. По кој знае кој пат Брисел ни го порача тоа што голем дел од нас не можат да го видат. А, тоа е сами да се фатиме за работа затоа што ниту ЕУ, ниту НАТО, ниту каков било чадор може да ги реши македонските проблеми. Изборите остануваат ултимативно решение на сите домашни маки. Од нив нема бегање затоа што тоа е единствениот прифатлив начин за доаѓање на власт, и тој ќе се случи без разлика на сега спорните изборни листи, медиумските закони или други политички конфликти.
Ученичкиот превоз поскап поради партиски потреби
Заев во нов криминал?
Случајот во кој е посочена компанија на член на СДСМ дека зема општински тендери во висина од околу еден милион евра, мора да биде испитан и да добие правна завршница. Изјавата на Заев дека се работело за деца со посебни потреби, а потоа и општинската организација и директорот на компанијата истакнаа дека таков тендер немало, отвора огромно место за сомневање во работењето на администрацијата на Заев и во делењето на тендерите во Струмица. Прашање е само дали случајот ќе го работи СЈО, онака како што бара ВМРО-ДПМНЕ или, пак, ќе го почне Основното јавно обвинителство, за потоа, очекувано, Заев и Јанева да бараат да биде преземено од СЈО.
„Mилијардерот-терорист“ со црни сценарија за Британците
„Брегзит“ низ призмата на Сорос
Откако во ноември минатата година влезе во директна вербална пресметка со премиерот на земјата од каде што потекнува, милијардерот Џорџ Сорос деновиве влезе во дебата со Британците на кои им предвиде дека ќе бидат посиромашни ако гласаат за излез од Европската унија. Пред осум месеци конфликтот со унгарскиот премиер Виктор Орбан заврши со електронска порака објавена од телевизијата „Блумберг“, во која Сорос призна дека работи на прием на бегалците во Европа, а сега берзанскиот шпекулант и самонаречен поддржувач на концептот на отворено општество отворено заговара останување во ЕУ, што, од страна на британски медиуми, е оценето како закана и притисок пред референдумот.
Македонија добива нов инфраструктурен лик
Со воз од исток до запад, регионот на дланка
Со новите железнички делници побрзо и поефикасно ќе се транспортираат стоки, но и луѓе, што целосно ќе ги унапреди, подобри и олесни деловните релации, но и животот на граѓаните. Сето тоа ќе значи голем плус за државата, со оглед на тоа дека и бизнисмените и меѓународните институции досега ја истакнаа лошата инфраструктурна поврзаност на Македонија како најголем недостаток.
Марк де Јонг, белгиски готвач со македонско потекло
Најсреќен сум кога ќе се испразнат чиниите со храната што сум ја приготвил
Во Белгија завршив школа за готвачи и сега сум шеф. Пред да дојдам во Македонија, имав ресторан во Белгија кој се викаше „Палета на вкусови“. Работев за сенатори, за министри, работев и дома, на повик, приватно. Во мојот ресторан во Белгија можеа да дојдат дваесетина луѓе и да уживаат во храната. Во тој ресторан немаше мени, туку секое утро одев на пазар и од продуктите таму се инспирирав и го правев дневното мени, раскажува Де Јонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст