| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за Грчев: Партискиот вештак на СДСМ Грчев ќе одговара за злоупотреба на службената положба

grcev-610x400

Партискиот вештак на СДСМ, Мирослав Грчев, е повикан во просториите на Основното јавно обвинителство в понеделник, во својство на пријавен за злоупотреба на службена положба и овластувања по член 353 од Кривичниот законик.

Имено, Грчев е пријавен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик на РМ. Овој член го санкционира искористувањето на службената положба од страна на службено лице со цел да прибави за себе или за друг некаква корист или на друг да му нанесе штета. Најмалата запретена казна во ставот 1 од член 353 е затвор од шест месеци до три години.

Грчев в понеделник треба да се појави во Основното јавно обвинителство во Скопје, по поканата што ја добил како пријавен за наводно сторено кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top