Поплавите кои ги предизвика силниот дожд го погодија денеска Лондон и делови на југоисточна Англија. Лондонската противпожарна служба соопшти дека за кратко време добила повеќе стотини повици поврзани со инциденти од невремето, вклучувајќи ги ударите од гром и поплави. Според официјални лица, пожарникарите оперирале на 400 локации.
Според одделни извештаи, надојдената вода е на улиците на Лондон. Денеска во Велика Британија се одржува референдум за останување или излегување од Европската унија (ЕУ) на оваа земја.
За само еден час во источен Лондон паднале 20,5 милиметри дожд, што е половина од просечните врнежи во текот на целиот јуни.
Агенцијата за заштита на екологијата објави четири предупредувања за можнто излевање на реките во одделни места во Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.