| четврток, 6 декември 2018 |

Состанок на работната група за Избирачки список во ДИК

izbiracki-spisok-1
Во организација на Државната изборна комисија – ДИК денеска ќе се одржи првиот состанок на Работната група за Избирачки список со која претседава Државната изборна комисија.

На состанокот се поканети претставници од институциите со кои соработува ДИК и тоа од министерствата за правда, за внатрешни работи и за надворешни работи, Државниот завод за статистика, Управата за водење матични книги, Секретаријатот за европски прашања и Дирекцијата за заштита на лични податоци, политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, ИФЕС, како и невладините организации МОСТ и ЦИВИЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top