Таа беше и остана една од најзгодните пејачки на нашата естрада. Доказ за тоа е и најновата фотосесија на Елена Ристеска, направена со младиот и талентиран фотограф Стефан Николовски.
– Ова е само мал дел од тоа што го сработивме со мојот фотограф. Допрва ќе ги видите и останатите фотографии за кои верувам дека ќе бидат уште подобри – изјави накусо Ристеска.
Фотографиите се направени за еден познат бренд на спортска опрема, а наскоро ќе биде објавена целата фотосесија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.