Грчките власти воведоа забрана за пушење електронски цигари на јавни места, што предизвика незадоволство кај граѓаните, но и кај производителите.
Како што објави „Њуз.ин“, властите за ваквата одлука биле мотивирани од мислењата на американски и на европски фармацевски компании, според кои електронските цигари, исто така, се сметаат за производ од тутин и поради тоа нивната употреба на јавни места треба да биде забранета.
Сојузот на грчките претпријатија на електронски цигари (СЕЕИТ) не се согласува со тврдењето дека во Италија, Шпанија, Швајцарија и во Велика Британија е забранет „чадот“ од електронски цигари на јавни места, наведувајќи дека во Грција е воведена забана без да се спроведе некакво научно истражување.
Грција, чијашто нација е процентуално со најголем број пушачи во Европа, пред неколку години забрани пушење цигари на јавни места, но таа забрана граѓаните не ја почитуваат целосно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст