| четврток, 6 декември 2018 |

По 20 години доаѓа продолжението на филмот „Ден на независноста: Нова закана“

Дваесет години подоцна доаѓа продолжението на филмот „Ден на независноста: Нова закана“, најавуваат од скопското кино „Милендиум“.
Неделава на репертоарот на кино „Милениум“ ќе има две премиерни филмски продукции.
Во четврток, во термниот од 20 часот премиерно ќе биде прикажан „Ден на независноста: Нова закана“ во режија на Роланд Емерич, а улогите ги толкуваат Маика Монро, Џое Кинг, Џеф Голдблум.
Вториот новитет е филмот „Пред да те запонаам“ во режија на Теа Шарок, а главните улоги ги толкуваат Емилија Кларк, Сем Клафин, Пабло Рејболд. Премиерата е закажана за во четврток во терминот од 22,3о часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top