| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец пријавен за исчезнат пронајден мртов, телото на обдукција

Вчера во 12.30  часот кај местото викано Селиште во атарот на с.Велестово, од страна на волонтер од единицата за спасување при Црвен Крст-Охрид, пронајден бил машки леш.
По извршената идентификација од сопругата,  констатирано е  дека се работи за К. Ф. (64) од с.Рача, охридско, кој бил пријавен за исчезнат на 16-ти овој месец.
 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Медицинскиот центар-Битола каде ќе се изврши обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top