| четврток, 6 декември 2018 |

Tриесетгодишник ја претепал девојката(17) зошто му раскинала

Вчера околу 18.30 часот во Прилеп, Т. В. (30) од Прилеп, најпрвин и се заканувал, а потоа и физички ја нападнал неговата седумнесетгодишна девојка, нанесувајќи и телесни повреди.

Прилепчанецот ја нападнал девојка си во ресторан покрај вештачкото езеро, откако таа му соопштила дека ја прекинува нивната врска, по што заминала. Тој со патничко возило ја стигнал пред една бензинската пумпа, застанал и и се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата од возилото и насилно ја внел на совозачкото седиште, каде продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото. Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top