| четврток, 6 декември 2018 |

Реал победи , Борусија Дортмунд оди во големото финале

По драматични десет минути во финишот на натпреварот  Борусија Дортмунд стана првиот финалист во Лигата на шампиони.

Германците со вкупни 4:3 се пласираа во финалето од најелитното европско клупско натпреварување кое ќе се одигра на 25 мај на Вембли.

Реал Мадрид уште од самиот старт тргна во нападот а гостите од Дортмунд се обидуваа да се заканат од контра напади, но домаќините беа поопасни  но неефикасни . Во 13-та минута и Озил излезе  сам пред голманот на Борусија, но го промаши голот.

Во второто полувреме првата голема шанса Борусија но  Левандовски ја погоди само пречката.

 

Домаќините првиот гол го постигнаа во 83-та минута  преку Бензема по што следуваа френетични 10 минути во кои Реал имаше сила само за уште еден гол кој го постигна  на две минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top