Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин најави голем концерт во Охрид за 23 јули, за кој веќе се подготвува. Но, пејачот ќе пристигне 4 дена пред концертот за да одмори во Охрид и во Струга.
Организаторите вела дека тој бил скромен во своите барања. Бидејќи бил љубител на зимски спортови, се што побарал е скијање, ама на вода. Мерлин скромно побарал и слободни дена за да ужива во охридската белвица и кафето на Црн Дрим.
Тимот на Дино Мерлин од Скопје, најави концерт кој што ќе трае цели 3 ипол часа и тоа пополнети само од Дино Мерлин, кој нема да има ни гости ни предгрупа.
Цената на влезниците за концертот е 650 денари за партер, 1.000 денари за фан-пит кој e ограничен на 2.500 влезници и ВИП влезница која чини 1.500 денари и до која можете да се стигне само преку резервација.
Студентите ќе можат да купат влезница со попуст од 15% и тоа во самите студентски домови.
Картите се продаваат низ сите маркети „Тинекс“, Розе Веро 2, Југотон и локални киосци, а влезница како и концертни реквизити и сувенири ќе можете да набавите на самиот плоштад во Охрид, од 23.06 до 23.07.
Почетокот на концертот е закажан за 21.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст