| четврток, 6 декември 2018 |

„Немам пари, не плаќам“: Се поголем број Грци одбиваат да ги враќаат кредитите

Банките во Грција се вознемирени од проширувањето на граѓанското движење „Немам пари, не плаќам“, бидејќи се поголем број Грци кои зеле кредити одбиваат да ги враќаат и покрај опомените и ризикот од загуба на имотите, пишува весникот „Имерисија“.

Досега банките испратиле по две опомени до секој кој земал кредит, но многу мал дел од нив се одѕвале на повиците.

„Имерисија“ тврди дека во текот на летото ќе биде испратена и трета опомена на должниците за да ги подмират своите обврски и дека од нивното однесување ќе зависи дали на крајот ќе влезат на „црната листа“ на лоши должници.

Од банките сигнализираат дека кон крајот на март ризичните кредити пораснале на 45,2 отсто од 44,2 отсто во декември, дека доцнењата во плаѓањето на ратите достигнуваат до 54,7 отсто за потрошувачките кредити, до 41 отсто за станбените и до 43,8 отсто за корпоративните кредити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top