Популарната македонска пејачка покажа голема храброст со тоа што успеа да стои гордо и покрај тешкиот период низ кој поминува на приватен план. Елена Ристеска досега умешно ја криеше приватноста. Иако јавноста е заинтересирана за секој нејзин чекор, сепак таа успеа нивното внимание да го насочи само кон успесите на професионален план.
Но, изгледа дека пејачката конечно реши ја отвори душата и посвети порака на својот татко и тоа токму преку својот Фејсбук профил.
Станува збор за порака која кружи низ социјалните мрежи и е наменета за сите оние кои познаваат некој, кој бил болен или се бори против ракот. Елена статусот го посвети на својот болен татко, за кого не се сомневаме дека е борец како неговата ќерка и дека ќе успее да ја победи тешката болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.