Токму кога мислевме дека борбата на сопружниите Џони Деп и Амбер Херд влегува во завршница, се појави информација дека Џони ќе треба да си ја продаде колекцијата уметнички слики за да може да го плати молчењето на својата наскоро бивша сопруга. Скандали, караници, валкани алишта и борба за пари по разводот има и од оваа страна на Атлантикот.
Шлаканици, валканици и, секако, пари
Некогашната манекенка Бојана Ѓурѓевиќ и фудбалерот Владимир Стојковиќ се разведоа по 4 години брак, во кој го имаат синот Лав. Брачната идила излезе дека е брачен пекол кога Бојана го пријавила Стојке за семејно насилство, a потоа решија да се разведат. Но, разводот не помина мазно, многу валкани алишта беа извадени на виделина, па јавноста брзо дозна дека Бојана трпела насилство во бракот, а Владимир во отворено писмо до медиумите ја нарече наркоманка со лесен морал. Борбата за имотот беше подеднакво остра.
Скандал, солзи и битка за пари
Поп-пејачката Наташа Беквалац и ватерполо-репрезентативецот Данило Икодиновиќ се венчаа во 2007 година по тригодишна врска, а во бракот ја добија ќерката Хана. Се разведоа по пет години, а скандали, солзи, обвинувања за неверство имаше на тони. Врвот се случи во тв-емисија во живо во која Наташа исплака крокодилски солзи зборувајќи за разводот.
Битка за старателство и алиментација
Хрватската пејачка и српскиот бизнисмен се запознаа во 2010 година на неговиот роденден, а искрите полетале веднаш. Две години по почетокот на врската Севе ужива во свршеничкиот статус и го раѓа наследникот на кралот на бакарот, Алкесандар. Меѓутоа, свадбата која гласно се најавуваше никогаш не се случи, наместо тоа гласно се влечат по судови веќе неколку години.
Експресен развод и обвинувања на нејзина сметка
Бојан Кариќ, припадник на едно од најбогатите српски смеејства, се ожени со пејачката во подем Јелена Карлеуша во 2004 година. Само неколку месеци откако си ставија бурми, поднесоа документи за развод. Наводно, Карлеуша била фатена со телохранителот во незгодна ситуација, а според нејзината верзија, тоа било местенка за да ги разделат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст