Пред зградата на Рекоратот на Универзитетот во Загреб вчера е поставена првата „паметна“ соларна клупа, чија цел, меѓу другото, треба да биде потикнување на поголемо користење на зелени и еколошки одржливи технологии, објавија денеска хрватските медиуми.
Според најавите, по оваа, пред отворањето на Европските универзитетски игри во јули, пред Филозофскиот факултет во Загреб ќе биде поставена и втора „смарт клупа“.
Соларната клупа е иновативен проект на младиот студент од Факлултетот за елетротехника, машинство и бродоградба при, Универзитетот во Сплит, Иван Мрвош.
Освен за одмор, клупата служи и за полнење мобилни телефони или таблети, има хотспот за интернет, сензори за мерење на квалитет на воздухот, но и за собирање други податоци кои се јавно достапни, како јачината на бучавата или температурата на воздухот.
Во текот на ноќта, клупата служи како јавно осветлување, а има бројач на минувачи.
– Таа може да работи десет дена без сонце и отпорна е на удари, рече Мрвош.
Тој истакнува дека би сакал да постави уште 20 клупи во Загреб и 500 ширум во светот во текот на оваа година и уште неколку илјади други во текот на 2017.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст