Шведска утре со почеток во 21 ч. ќе го одигра последниот меч од групната фаза на Европското првенство со Белгија и ќе брка победа за да обезбеди пласман во најдобрите 16 селекции на Стариот континент. На стандардната прес-конференција ден пре мечот, капитенот на селекцијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ објави дека настапот на Европското првенство за него ќе биде последно во националниот дрес.
– Последниот натпревар на Шведска на ова првенство ќе ми биде и последниот натпревар во репрезенцијата, така да се надевам дека тоа нема да биде утре. Се надевам дека ќе играме колку подолго можеме на ова првенство. Нема да учествувам на Олимписките игри. Горд сум на оваа репрезентација и горд сум што сум капитен. Би сакал да им се заблагодарам на сите за поддршката, без нив немаше да го постигнам ова што го постигнав. Во кој клуб и да одам, знамето на Шведска секогаш ќе биде со мене, истакна Ибрахимовиќ на денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.