Собранието попладнево со 35 гласа „за“, без воздржани, и 47 „против“ не го усвои Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија. За да биде прифатен предлогот, за кој се дебатираше пет дена, потребно беше двотретинско мнозинство. Предлогот беше поднесен од пратениците од опозицијата кои се противеа на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, која подоцна беше повлечена.
Според опозицијата, Иванов треба да биде отповикан, ја злоупотребил положбата и прекршил повеќе уставни и законски одредби. Од ВМРО-ДПМНЕ иако не ја прифатија одлуката на Иванов, сметаат дека таа била во согласност со Уставот и законот.
Пратениците во попладневната расправа ги повторија своите позиции, но зборуваа и за теми поврзани со случајот за превозот на ученици во Струмица, за вчерашните собири на ГДОМ и вечерта на „Протестирам“, за случајот „Транспортер“…
Во првиот дел од денешната седница пратениците од СДСМ и ДУИ истакнаа дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето и треба да биде отповикан, додека пак пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е несонована.
Претходно, собраниската Комисија за оценување на оправданоста за покренување одговорност на претседателот го оцени Предлогот како неоснован.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево